го (зам.) - потупка (гл.)

- Море гледај си ти работа, - го потупа важно Рангел по рамо, - ќе им станам јас ним еден кметски, па мајка Јана.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Грегор, Грегор ... добро ли си? Го потапка по грбот неговиот пријател Мел, исплашен дека ќе се задави.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
„Мил Бошко, само господ нека ни е на помош”, го потупа Марко по свитканиот грб.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Капетанот го засука мустаќот, задоволно се насмевна, го потупка Шишмана по рамо: - Мерси, мерси, - рече- Оревуар. - Аревур, - рече Шишман.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)