го (зам.) - поттурнува (гл.)

До вечер ќе блеам по ходникот да уловам некој збрлавен со јазик изваден ’ко пес жеден, со некоја која го поттурнува со рака, велејќи му: „А бе улав, луѓе има!“, а потоа по кеј ќе ловам пензионирани двојки фатени под рака, кои одамна веќе не се љубат, ама пред спиење во чело се бакнуваат со срам и страв да не е последно.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
— Ова ти е мајка, вели жената, ај сега оди кај мама, му вели и го поттурнува кон мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само по една педа или по еден чепорок на ден го поттурнуваат, го помрднуваат, нагоре, кон Пелистер.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)