го (зам.) - поттикнува (гл.)

Де Квинси (Thomas de Quincey) во своите Исповеди со право тврди дека дрогата човекот „го поттикнува само во рамките на природните граници на неговата личност и, за да донесеме суд за чудата коишто ги создава дрогата, би било бесмислено да се распрашуваме кај некој продавач на волови, бидејќи овој, опиен, ќе гледа само волови и пасишта...“
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Уметноста е прашање на персоналитет. Нема место за вкус во механичкиот цртеж. 122 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сликарот, каков што јас го познавам, каков што бев и јас, е олфактивен тип; тоа значи дека наутро станува, има потреба за појадок, иако често не јаде, но највеќе чувствува потреба да го осети терпентинот. И таа олфактивна потреба, потреба за појадок, го поттикнува на сликање. Од олфактизмот до ретиналното задоволство, има само чекор и често кај сликарите останува на тоа.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Едо се чувствуваше потонат во неа како никогаш порано, но немаше волја за потребните живи движења на кои Германија го поттикнуваше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се мразам и го гризам јазикот, за да не ја повторам катастрофалната грешка, зошто знам дека, во таква инквизиција, го поттикнувам своето его на самоуништување.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Како да не претпоставувал што може да се случи или како да сакал да се случи нешто заради што ќе му се памети името.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Додека сите други молкум стоеле, Онисифор Мечкојад, следејќи го другиот Онисифор, и самиот се подал малку напред, мислиш ја имал вилата во свои раце или, најпосле, мислиш го поттикнувал својот роднина да издржи до крај и пак утре да фрла семе за нови и идни преданија што ќе се шират и ќе бабрат од квасот на стравот, тоа глекаво и лепливо тесто да ја покрие срамната прикаска за неговиот дедо или за дедото на некој негов дедо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нема корист од криеница - го поттикнуваше Б.С.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Што си рече понатаму? - го поттикнуваше таа дијалогот, макар што повеќе уживаше во тоа што тој тапка во место одошто во вкусот на вињакот чија чашка само ја лишкаше.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Зошто го поттикнуваме сентименталното Однесување кон месечината?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Во зоната на дијалозите лаѓите посилно се нишаат на морските бранови.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Тоа вистинските учители го поттикнуваат духот на слободното мислење.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Луѓето знаеле по нешто само за причините што го поттикнуваат исчезнувањето.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)