го (зам.) - потсмири (гл.)

Минував низ некакво мачеништво, низ предавање на нова мисијата, со истиот наивен донкихотизам, кој немаше кој да го потсмири, ниту Мајка, ниту Татко.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бојана го прибра во нејзиниот кревет (- гревче едно, зарем мислеше дека со цел памет ќе те оставам да спиеш на подот?), што малку го подсмири, дури и сонот неколку пати сакаше да го прими во неговото царство... ако Бојана за беља не почна да грчи.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Кучето преташе во кутијата, цимолеше, и Винко почесто запираше, го поткреваше палтото да може кучето полесно да дише низ отворот на кутијата, ќе му подадеше нешто за јадење за да го потсмири, но кучето луто и бесно, го исфрлаше тоа од устата и квичеше да излезе.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Како што Татко не ја доживеа мојата мисија како амбасадор на Југославија во Тунис и Палестина, ниту Мајка нема да ја доживее мојата мисија како амбасадор на Република Македонија во Франција, Шпанија, Португалија и при УНЕСКО во Париз.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сакаше да го потсмири со благиот поглед. Но, тоа не беше доволно.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)