го (зам.) - потсилува (гл.)

„А јас решив ете, со отворени карти!“ ми одвраќа таа, го потсилува пламенот на газјената ламба и бесрамно ги шири рацете и и се покажува на месечината но и на оние петшестмината сладокусци под прозорецот. (Оние, потписницине на нејзинта пријава).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Бесно замавнував со копачката и го потсилував ортакот, тогаш мој, подоцна на ѓаволот. - Подлабоко, подлабоко, Кузмане.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Од викањето се разбудија и другите селани, дотрчаа со садови, се предаваше водата од рака на рака, се правеа синџири од луѓе и се фрлаше водата; но нејзиното мало количество како да го потсилуваше огнот; некои од луѓето што беа похрабри, потпреа скала на ѕидот од куќата и се искачија на чардакот фрлајќи вода за да не се зафатат одаите и чатијата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И така во слика и во зборови како во убаво замислен филм го изведе сето она што го имаше опишано во нејзиното писмо со пет потписи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа чувство ни го потсилуваше и светлината што не престануваше да зрачи од татковата жолта лампа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И затоа немојте со злосмев да го потсилувате она што би можело и вас, на ист начин, да ве дразни, навредува и гризе.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тоа виорно вртење иако беше напорно, нејзе ѝ причинуваше задоволство, го прифаќаше, а одвреме-навреме и самата го потсилуваше.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Она што му се спротивставува, она што треба да биде совладеано најчесто само го потсилува неговото значење, ја искажува бурната дијалектика на превозмогнувањето што е неодлачен дел од живиот живот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)