го (зам.) - потсили (гл.)

Дали дека на него се обрати случајно погледот на жената што бараше објаснение, а сега го потсилува тоа усмевот на онаа падната мазилка што, сигурно поради посилната светлина во салата, и самиот станува поизразит пред неговите очи, се пренесува преку цртежите на ѕидот, како да му е тука местото, како да не е ова изложбена сала ами кујничето во кое сега жената и детето нажалени ќе се вратат, да заборават уште една ситна болка.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Смуртен повеќе отсекогаш, Аргир се добра до огнот и го потсили со суварките, што ги донесе од врежот крај реката.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Мајката огнот го пали, како закрилник На плодноста цветањето го потсилува она.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Богдан чувствува како со секој ден сѐ повеќе малаксува, сѐ повеќе го губи апетитот за јадење, сѐ повеќе креветот го држи закован за себе, сѐ повеќе ја губи волјата да стане и да појде во градината; воздухот чувствува сѐ поредок му е и со мака го дише; под кожата крвта му се згрутчува како црвени кристали, како да му се замрзнува, сиросува; гледа: со животот го сврзува само уште тенка нишка што се мачи да ја одржи; го чувствува нерамномерното чукање на срцето, и во мигови кога помислува дека ќе запре, ги трие градите за да го потсили или да го сниша како часовник што подзапира.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)