го (зам.) - потпира (гл.)

Некој до мене и самиот беше во преграб на соништа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тврдењево го потпирам врз основа на сликата што ја видов случајно во предновогодишниот сон, кога случајно од памучниот замок се раскрили брла снежна врата.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Левата рака ја стави на колкот, чиниш со старечкото рамо го потпира целиот изминат живот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
О Боже, о ангели и архангели, серафими и херувими, вие што го потпирате сводот Господов и ги утврдувате темелите на небесата!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Со едната рака му го потпирам ножот на слабината, а со другата го фаќам в гуша. Го нацрпувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го потпираше тврдиот лакот на мојата слабина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)