го (зам.) - потиснува (гл.)

Сѐ е толку таинствено, ама жарот на лудото срце да дознае што се крие во оваа невидена, ретка земјина форма, го потиснува стравот и те води, речиси насилно те влече кон тајната.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Во минути на смирување, кога спокојното размислување го потиснуваше трагичното чувство на безизлезност, Арсо се враќаше кон напрежните свои убедувања дека вистинската смисла на човечкото живеење е во непрекинливата акција, во непреодливата волја на човекот да дејствува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во овој град, источниот го потиснуваше западниот сон на заминувањето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И гласот нејзин го потиснуваше гласот на Геле, стигаше и напред до него, и назад до бабата Петра, а во него имаше зборови што куражат, што заплашуваат а и што заповедат.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)