го (зам.) - посрами (гл.)

Во својата очаеност, понижена или посрамена, сеедно, Фиданка Кукникова го понижила и го посрамила - топлината на нејзиното месо сѐ уште му ја морничавела младата кожа...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кметот долго се караше со татко. - Сте го навредиле даскалот – пиштеше тој – сте го посрамиле селото, ете, што сте направиле.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сега зачекорувал во седумнаесеттата и зреел поинаку отколку што можел тоа да го знае пред поаѓањето од Кукулино.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Подобро да го посрамиме Бошка, да го натераме да види што грешка прави и тој после ќе биде подобар од сите.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)