го (зам.) - послужи (гл.)

Дури да се стори поп, како манастирски слуга поп Петко одвај можеше леб да им донесе на децата. Ама ете, го послужи среќа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мајка го послужи чајот. Седна за да го пијат заедно.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Откако Татко седна спроти Донски, секретарката го послужи со кафе.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
(...) Со самата одлука на мажот да му го послужи зготвеното тело на својот Љубовник и со завршниот истрел кој го запечатува неговиот прв залак, таа ја употполнува осудата и ропството над своето и над туѓите тела.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Завладеа тишина. Келнерот ни донесе други чашки полни до врв со познатата албанска гроздова ракија. Го послужи и Х.Х.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
„Сипи“, ја дигна главата. „Сипи реков.“ Крчмарот тешко се одлепи од тезгето, го послужи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Да, - рече милиционерот којшто ја имаше извадено капата и седеше крај масата, веројатно очекувајќи дека нешто ќе го послужиме.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Пријателот на Исмет чајот лично ни го послужи во стаклени чаши. Има боја на топен килибар.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Крчмарот тромаво и безволно го послужи, ги зеде парите и пак седна на своето место.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Келнерот го послужи со млеко и пак се сврте кон автоматската каса.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Побратимот откако се послужи со лажицата благо и ја испи студената вода, со која го послужи Мајка, продолжи: - Кога се враќав со чунот кон брегот од кој појдовме, царуваше ноќната тишина.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ако работеше во ова бифе неговата секретарка Јованка, трудејќи се да го расположи, сигурно веќе ќе го прашаше со што би можела да го послужи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Така си ги расчленуваше поединостите од почетоците на нивната поранешна врска додека ја отвораше третата фиока за да го послужи а потоа наеднаш во себеси заклучи: остави ги спомените, нека седат внатре, во фиокава, а ти бркај си ги задачите.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Мораше, по секоја цена, да понесе неколку правни и адвокатски прирачници кои му беа неопходни за неговата адвокатска служба која, ако го послужеше среќата, ќе си ја продолжеше и преку границата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)