го (зам.) - посветува (гл.)

Им го посветувам на својата сопруга Соња, на синовите Жорж и Александар, на внуците Анте и Ирина и на возвишениот благородник, господинот Трифун Костовски; напати, кога откажува татковината, воскреснуваат нејзините личности.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Некои работи останаа некажани, секој нека суди по свое. Романот го посветувам на сите што научиле како се сака....!
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Му го посветувам на Владимир Георгиевски Среќен беше Сликарот, професорот по Убави уметности од Скопје, што го диши воздухот на Истанбул (некогашната престолнина на големата турска империја).
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
А времето што сум го арчела без врска во домаќинлак, го посветувам на „пилатес“ во затворено и тренинг под отворено.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тоа е времето кое ти останува. Си го посветуваш и трошиш на себе.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Заради вниманието што ни го посветуваше Илонка беше отпуштена од работа.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Мама Пелагија секој ден заминуваше на работа во Монополот, а баба Перса, односно Мајката Перса, денот ѝ го посветуваше нејзе.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Во нејзиното писма одѕвонуваше тишината на нејзината осама, нејзиниот божји долг што си го препишуваше на својот живот како да ги спаси чедата, кои сега ја напуштаа заодени по патот на нивните семејства, а јас се бев оддалечил најмногу, следејќи ја кривата на својата амбиција Колку ли пати пишував многу побезвредни депеши, се внесував целосно во нив, сигурен дека можеби никој нема да ги удостои со вниманието што им го посветував, наместо да ги пишувам одговорите на писмата на мојата мајка, кои беа незаменливи делови живот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Така е, Горде? Таа одвај го удостојува односниот со бегол и потценувачки поглед, па го одвраќа истиот час од него и го посветува на масата на која одеднаш станува главна.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Татко му на Зоки Поки не е многу дома, но кога е, тој речиси целото време му го посветува нему.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)