го (зам.) - посакува (гл.)

Понекогаш ме излудува незнаењето... Го посакувам старото време.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Не го рече тоа туку така, го посакуваше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа му стана физичка потреба, нешто што тој не само што го посакуваше, туку сметаше и дека со право му припаѓа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Никогаш да не се откажеме од соновите, да сакаме, да љубиме, да бидеме родители, да патуваме околу светот, да сликаме, да свириме, секогаш со сиот глас да го кажеме тоа што го посакуваме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Го посакуваш? – задржувајќи му ја дланката меѓу својата и амајлијата, Сириецот го крева погледот под ниските прамени побелена коса: - Велможа си.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Токму овој миг Ивона со години го посакуваше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Го доби дарот што го посакуваше, - сочен бакнеж со вкус на тешко вино и чоколада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Неочекувано лесно го доби она што го посакуваше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во тоа паѓање Авни е мала попатна станица која може и да не се забележи во приквечерината на твоето паметење.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Не мораш да го разбереш и да го прифатиш ова што ти го кажувам, но запомни: слободата е слободно паѓање, самоубиство во мигот кога мислиш дека си вечен, кога мислиш дека животот го живееш онака како што секогаш си го посакувал, самоубиство без причини и последици, нешто како катарза што те исполнува со пркос и можеби затоа не бараш виновници и не осудуваш никого во тоа долго, долго паѓање што може да трае и само еден миг.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Мислев дека тоа не е токму она што го посакував.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Кога ги раздиплив картоните меѓу кој лежеше акварелот, кога го извадив на дневна светлина, забележав оти тоа не беше портретот со лузни, темен и оскбен, тоа не беше ликата на остарената, грешна и гнилежна Ангелина, туку во боите сјаеше ангелско лице, онакво какво таа го посакувала во молитвите упатени до Троичниот Бог и Пресвета Богородица.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Признателност? Па добро, тоа на крајот од краиштата, и не е нешто лошо што човек може да го посакува. Човечки е да посакаш и признателност и фалба.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Зарем не гледаш колку те сакам?“ му рече милно земајќи му ги двата образи во своите скоро горешти дланки и потпикувајќи се во него како да го посакува како никогаш порано.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во тоа навистина би уживал. Тоа толку го посакува што таа желба добива некоја мистична моќ.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во чудо е, и на сите ви го посакува. Тоа, чудото.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Со ноќи потем сонував дека таа неизвесност ја платил со глава; го мислев, господин судија, не дека не сум го мислела; го сонував како паѓа од тој проклет трапез, од огромна височина и како си го крши вратот; се будев во пот и плачев; подоцна, многу подоцна, дури и го посакував, како жена што посакува маж; имаше ноќи во кои посакував да се спакувам и да заминам (оти Партијата, како и секоја партија, пропадна како брод од хартија), но секогаш брзо се соземав.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сега имаш друго, поубаво кое во идната сегашност, исто така ќе го немаш. Затоа тогаш ќе го посакуваш.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ме радува што си добро, ти го посакувам тоа засекогаш! Да си добра и среќна цел живот!
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Перса ликуваше што сепак се исполни она што го посакуваше, но, се разбира, среќна беше и Пелагија што ги гледа кумовите и нивните деца добро нахранети и добро облечени.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Стига да не ме придржиш и повеќе ќе ме нема ако веќе го посакуваш тоа - ѝ реков.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но и оваа досетка не ја прави среќна. Чувствува како се вцрвува, иако најмалку го посакува тоа.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)