го (зам.) - посака (гл.)

Му врза Јандре оглавник на гуша на попот српски и го поведе од куќа во куќа; му тропаше на една тенеќија и удирајќи го со кундакот на маликерот, му заповедаше Ајде сега, Божано, кажи како се тркала стар дедо со стара баба.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Е, него, овега, попов српски, го посака Јандре Брсако: рече кога бил на печалба таму, во Србија, видел што прават тамошните мечкари со мечките, па сега овој, попов, да видел што прави тој, Јандре, со српските четници.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
По ова Маркос му напиша на највисокото партиско раководство: „Зачувувањето на создадената регуларна армија што ја формиравме за да го отстраниме монархофашизмот, како што е одредено со партиските одлуки, го сакаме тоа или не, ќе нѐ принудат да се држиме на духот на одбраната и да се залепиме за одредени непријателски позиции, со што ќе биде спречена решителната партизанска активност со сите последици... нашите одреди да водат борби со непријателот таму каде нам ни одговара, а не таму каде тоа ќе го посака непријателот...“
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Можеше да се договори со неа да се видат повторно, доколку кој било од нив го посакаше тоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа му го посакав од сѐ срце.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Потоа ќе си речеме, да тоа е значи тајната, она што ќе го посакам тоа ќе го добијам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Додека со Авни малата Сања го правеше тоа што никогаш пред тоа не го направила, (Авни ноќта на белиот врат на девојчето и го стави најубавиот златен ѓердан од полиците на “Карат”), тетка Асја за прв пат почувствува желба и таа самата да биде дел од играта, а тоа го посака со необичната сила на жарот што ѝ заискри под папокот и пламна во градите од кои потече жешка лава надолу по слабините, а потоа меѓу нозете, таму каде што се допираат дебелите меса и од кои, во горниот дел, од засекот меѓу растреперените устинки извира сета женскост со залудена страст која го брише и последното парче од разумот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тоа го посакуваат многу луѓе, да ја дочекаат староста со саканата личност.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Од една страна, луѓето се лакоми, сладострасни, непослушни и самоуверени – тие, без скрупули кон другите луѓе, кон своите браќа, можат да посегнат по она што мислат дека им треба, по она што го посакуваат – јаболкото, парите, жените, што и да е.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Не знаеше што точно посака, но знаеше дека тоа што го посака, кога би го имал, би го усреќило.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Постојано мутираат, растат и многу брзо се развиваат. u Луѓето навистина тоа го посакуваат?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Можеби и неговата жена го посакува тоа...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Еве, повелете, тука сум!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Трчејќи ќе ги прескокнат и двоумењата, и сомнежите, па се она што го посакуваат ќе се најде застанато покрај нивната желба!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Геј-живеењето не се согласува лесно со основните премиси на хетеронормативноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
За разлика од хетеросексуалците со нормални желби – кои (да се послужам со зборовите на геј-поетот Френк Бидарт) „живеат како, иако она што го/посакуваат е токму она што од нив/се очекува да го посакуваат, божем тие самите да посакуваат“ – геј-мажите не можат да си ја побркаат желбата со некаква потврда и ратификација на нивниот субјективен суверенитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тие се на одредено растојание од она што важи за невино, спонтано, природно чувство, од оној вид на чувство што изгледа природно – доколку сосема се вклопува во хетеронормативните општествени конвенции и доколку влегува во тие конвенции и не ги оспорува и прекршува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А колку што општествените протоколи на нормалниот или на хетеронормалниот живот и понатаму им се туѓи на геј-мажите, толку геј-мажите не можат да си го сфаќаат сопствениот свет здраво за готово онака како што можат стрејт-луѓето. ‌Во таа смисла, геј-мажите се отуѓени и од „природата“, односно од општествените дефиниции на природното.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Голем дел од она што го напишав тука за машката хомосексуалност – за нејзиниот статус како особен општествен облик, за нејзината изведбеност, за нејзината неавтентичност, за неможноста на еден општествен идентитет да ја долови желбата што го дефинира – може да се каже и за хетеросексуалноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можев да користам било кој метод на левитација кој ќе го посакав. okno.mk | Margina #10 [1995] 99
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Човекот што е венсен во својот зацртан пат, почнува силно да го посакува само тоа што нему му е потребно.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
-Зошто се раѓаат лошите мисли, кога никој не го посакува за себе? – праша Еразмо. – За да има со што да го спореди доброто?
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
А она, што имаше храброст да го посакува и што го исполнуваше со надеж, не беше некое недостижно здание од соништата што ќе исчезне кога ќе ги отвори очите, туку вистинска светла градба со цврсти темели која постоеше и кон која веќе наближуваше.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Имаше храброст да го прави, а и да го кажува, она што мисли и што го посакува - сосема тихо забележувам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)