го (зам.) - пороби (гл.)

И наеднаш допира глас до нив - војна е, Германецот го поробува светот, Талјанецот е со него, Бугаринот по нив!
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И наеднаш допира глас до нив - војна е, Германецот го поробува светот, Талјанецот е со него, Бугаринот по нив!
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
А потоа, кога таа ќе дојде, кога ќе му се предаде и истовремено ќе го пороби, тој ќе сака само едно, веднаш, без понатаму да чека, без да губи ни секунда, да влезе во неа, да ја сака само така сè дури може...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но, на мојата супериорност ѝ дојде крајот; не бев предвидел дека тие, во моментот кога ќе видат дека ја изгубиле идеолошката власт над мене, ќе почнат да практикуваат физичка власт, односно дека, откако видоа дека не можат да ја поробат мојата душа, можат да го поробат моето тело, да ми го одземат; тоа е последниот механизам на власта, пред таа да се урниса.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)