го (зам.) - попречува (гл.)

Оваа претпоставка му наложува на терапевтот да биде чувствителен на постоењето на неизречената дилема, љубопитен во врска со она што го попречува потребниот разговор и особено внимателен со чувството на непријатност на симптоматичната личност. 43
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тој лично ни јавува дека пристигнува утре”.  Градоначалникот ги крена веѓите во знак на неверица.  „Добра вест”, рече рабинот Корео, ги поздрави двајцата и замина за да не им го попречува разговорот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Покрај него стоеа уште тројца службеници на општината, сите со црни чадори во рацете, а нешто потаму и настојникот на митрополијата и неколку свештеници со развеани бради и раса, и камилавки кои како по наредба ги придржуваа на главите секогаш кога ветрот ќе дувнеше позасилено и ќе однесеше нов навев на солен воздух кон главниот град на Закинтос.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Мораше, конечно, да се соочи со вистината дека, без големиот Татков занес, што го попречуваа други, без неговите силни илузии дека некаде ќе заминеме, како некогаш, по кружниот пат на јагулите, во потрага по некој друг пат на враќањето, ние го губевме еланот за опстојување, надежта...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Геле, деверот на Богородица, драбаше право натаму со големата дема врз себе која го попречуваше да се свртува за да знае што народ врви зад него, ама по ломотот на камењата, по воздишките, по кашлањата, знаеше дека многумина му ја следат дирата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)