го (зам.) - пополни (гл.)

Тоа изгледа како да надошла голема вода, се излеваме од коритото, се завируваме на пречките задржувајќи се додека не го пополниме за уште посилно да потечеме понатаму.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Веќе не постои некоја посебна точка во општеството од каде што се гледа вистината на тоа општество и од која е можен преглед над целината, како што веќе нема ни некое општествено средиште што го пополнуваат интелектуалните и политички елити кои поседуваат некои повисоки вистини недостапни за другите 46 okno.mk членови на општеството.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Инаку, веќе е во дејство новиот туристички режим на секој странец портирот прво му бара „бордеро“ (документ дека сменил валута), па потоа му го пополнува картонот за легло.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
* Во себојно фустанче облечено за брзо соблекување, директно од ролшуи на штикли (така ли се стига побрзо?) нетрпелива да го пополниш идеалниот градник, со двете немирни, долги нозе сакаш да го опчекориш градот.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Другиот тип, од друга страна - а во таа категорија спаѓал и несреќниот Никола, и Казанцакис, веројатно, а секако и сегашниов наратор - ќе ја развлече својата исповед, впрочем, само за така да кажеме, можеби дури и измислувајќи неколку гревови патем за да го пополнат каталогот, додавајќи го така и гревот на лажење кон списокот на фактични гревови што треба да се признаат. Маргина 34 67
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во нив како во времето на ембаргото (кога со часови се чекаше за леб и млеко) колона луѓе со часови чекаат во смрдливата и зачадена кладилница да си го пополнат своето „свето ливче” и со само 50 денари да лапнат минимум 200 евра.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Истите тие „кладилничарски џанкери” откако ќе го пополнат својот тикет наликуваат на најголемите џанкери од Кисела Вода и како млади зелени мајмуни трчаат во своите домови да го вклучат телектекстот и да видат шо напраиле.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Со акционистичкиот пристап кон градежништвото Хундертвасер сака да го пополни расцепот помеѓу градителот и станарот, сака на идните станари да им го врати задоволството на изградба на сопствениот дом.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Но лекарот ги извади слушалките од ушите и ѝ одмавна со главата, па место кочанот со рецепти ѝ побара да ископа од торбата посмртен лист, па ѝ издиктира како да го пополни според податоците од здравствената книшка и плус неговата дијагноза на латински јазик како причина на смртта. (Нешто како апоплексиа фулминанс).
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
На изложбата исто така беа изложени и неколку други подготвителни студии, како и реконструкцијата во потполна големина на делото “Цепелин со воденица во соседни метали”(1913-1915) (“Glider Containing a Water Mill in Neighborinng Metals”) и “Девет шеќерни рељефи” (1914-15 - “Nine Malic Molds), Ричард Хамилтон ги изработи за изложбата во Тејт галеријата во 1966.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Како важно дополнение на редимејдите, 108 Margina #4-5 [1994] | okno.mk изложена во истата просторија со нив, беше последната композиција на Дишан, работена во маслена техника, “Tu m’”дело кое од него го откупила Катрин Дрејер во 1918 година, за да го пополни празниот простор над полицата за книги во нејзиниот апартман во Њујорк.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ахил се помирува со несомерливиот јаз меѓу чувството и неговиот израз дури при својата последна средба со Пријам, кој му дава пример како да живее со него – како да го пополни истиот тој јаз.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И така, ќе ја загубат целата делотворност и ќе престанат да функционираат: веќе нема да можат да служат за испреплетување на луѓето во мрежа од општествени размени, ниту сега ниту во иднина.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Откажувајќи се од секаков обид да го искаже она што навистина го чувствува кон Ахила, Пријам, несебично решен да си го откупи од Ахила трупот на мртвиот син, Хектор, му ги бакнува рацете на оној што му ги убил децата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тогаш целото човечко општење и целата човечка општественост ќе се распаднат, а предивото на човечката односност ќе се расука – како што некое време се расукува во мрачниот дел кон крајот од Илијадата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зошто го оставија тој простор празен, а Захаријадис го пополни со новопроизведени и пак нему верни македонски кадри?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Залудно, оти мислата му се разбистри дури сега, овде, во снегов, во студов, во самотијата на чекорот, во студениот метал на оружјето, далеку од хаотичната пропаганда која го пополни просторот на непостојната заедничка национална идеологија.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Имате половина час да го пополните тестот.“, со по малку пискав но сепак одлучен глас еден ученик на околу тринаесет години им даваше инструкции на неговите професори.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Истата изгледа „да ја грабнеш и да бегаш“, што е уште еден квалитет кој го исполнува, ама излезе дека недоволно била секси зашто оваа заменава што го пополни нејзиното место многу порано од што тоа беше испразнето, ја развиори својата црвена коса и колкови кои не мируваат сместувајќи го помеѓу своите бутини, насмеан и флекав, и згужван... и накапан со кафе кое секогаш прво го претекува, а потоа го преполнува во напрснат филџан, ама и оваа вештина испадна крајно невалидна за тоа врските и нивниот рок на траење.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Можеби ќе речат дека е луда и ќе го пополнат нејзиното место преку оглас.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Таму ќе биде мажена – таа, Ивлин. Таму ќе ја почитуваат.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Високиот службеник го зграпчи писмото целиот избезумен од радост, го отвори со растреперените раце, ја ѕирна содржината, а потоа, итајќи кон вратата со несигурен чекор, испари од собата и од куќата без да се поздрави, без да изусти збор од мигот кога Дипен му побара да го пополни чекот.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Самите не се способни, па го пополнуваат знаењето со помош на учителите. ***
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Така, дел по дел, ќе се створи една целина, бидејќи е тешко да се најде еден човек кој сам ќе успее да го пополни тоа цело.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Летка се труди да му го пополни времето со телефонски разговори на веќе познатата релација Атина – Скопје.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Веројатно да го пополни колебањето дали и каде да седне, заклучи авторот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Копаат, удираат со казмите во замрзнатата земја, откинуваат парче по парче, го отфрлуваат настрана. Bејaвицата го пополнува ископаното место.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)