го (зам.) - поплави (гл.)

Тоа бил миг што еднаш во годината се јавува: наеднаш од две страни зачикчирикале две птици исплакнувајќи си ги грлата со сончева гаргара; потоа попукале сите возможни пупки на дрвјата и на грмушките, бело, жолто и румено, и го поплавиле светот со сладок мирис од кој и лицата на старците се измазнувале; и потоа од проѕирните далечини како да надошле златни потоци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Што било потаму? Ништо... Кога до жолчка понижениот Адам Лесновец (самиот тој од гордост си го измислил славољубиво второто име) се вратил во пештерите и кога раскажал, издувувајќи ја со зборовите и маката од себе, дека се повлекол пред жените зашто не сакал да ги тимари (кобилите, рекол) со ластегарка од жал кон животворното млеко што можело да им секне а кое утре требало да ги израснува идните каменоделци, луѓето се насмеале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сега, меѓутоа, од пред десетина и повеќе години, ѕвонот на чакарки и клопотарци, веселите овчарски довикувања и свиралки и лавежот на кучињата сосема ги нема на овие питоми голини, па човек не може, кога ќе се загледа по нив, да не почувствува како го поплавува некоја тивка жал, што доаѓа оддалеку, оттогаш, од тие одамнешни и мили времиња, кога луѓето трпеа и живо се бунтуваа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Полека израснува дискот на сонцето и со белузнава светлина го поплавува Костурското Поле.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)