го (зам.) - понесува (гл.)

Пак ќе руши. И корне, се искачува до чардакот, го понесува и амбарот, ко лаѓа го понесува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Над платното лежи твојата рака фатена во градината на боите. Ти ми го понесуваш со себе убавото зајдисонце оставајќи ме на брегот по кој паѓа темнината како црни саѓи по белите постели.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
А Таша, (од сите наши разговори го понесував тој впечаток), Таша го почитуваше Ѓурчин и понатаму! Веројатно со причина.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нејзе не и се случи да биде поблиску до него во подоцнежните времиња.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)