го (зам.) - помрднува (гл.)

Снегот ништо не го станува, не го помрднува. Веќе сѐ се дојаде. Празни се ноќвите, амбарите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сара го помрднува задникот. „Ме скокотка. Што е тоа?“
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Само по една педа или по еден чепорок на ден го поттурнуваат, го помрднуваат, нагоре, кон Пелистер.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама, кога и тогаш Атиџе не се појави, стрештен си помисли на три работи: или таа си игра со него и се кикотка зад фереџето што не го помрднува, преправајќи се дека е некоја друга, колку да види до каде достасува неговата верност и приврзаност: или бегот ѝ забранил да доаѓа повеќе во амамот, зашто ѝ кажал дека ја открил: или пак таа не иде во амамот зашто е навистина болна.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)