го (зам.) - помислува (гл.)

Впрочем, ми се чини дека и Миќо сѐ уште остануваше со желбата да ја сретне еднаш насамо својата љубима, и тоа ми даде можност да го преценам колку тежи како противник, зашто веќе се уверував во тоа што си го помислував и порано, дека и неговата љубов е една убава перспектива.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тамам го помислувам тоа, еве ти го него, целиот задишан се бувнува во вратата, ги соблекува без да ги одврзе патиките, едната ја фрла на една страна, другата на друга, ја остава отворена вратата од шкафчето за чевли... Збеснувам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)