го (зам.) - положи (гл.)

Но, нема да се донесе ваква пресуда иако се исполнети таксативно наведените услови – ако судот најде дека се работи за барања со кои странките не можат да располагаат (чл. 319, ст.1-2 од ЗПП). 6.  Секоја странка претходно сама ги поднесува трошоците што ги предизвикала со своето дејствие.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако тужениот не поднесе одговор на тужбата во определениот рок, судот ќе донесе пресуда со која го усвојува тужбеното барање [т.н. пресуда поради неподнесување на одговор на тужба], но само ако бидат исполнети следниве услови: 1) на тужениот тужбата и поканата за давање одговор на тужба му биле уредно доставени; 2) основаноста на тужбеното барање произлегува од фактите наведени во тужбата; 3) фактите врз кои се заснова тужбеното барање не се во спротивност со доказите кои тужителот ги поднел или со 294 општопознатите факти и 4) не постојат општопознати околности од кои произлегува дека тужениот од оправдани причини бил спречен да поднесе одговор на тужба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кога странката ќе предложи изведување на докази должна е, по налог на судот, однапред да го положи износот потребен за намирување на трошоците што ќе настанат по повод изведувањето на докази.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако треба и животот ќе го положам, а тајната нема да ја откријам!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Така, покрај Гоце, и Даме стана член на тајниот револуционерен кружок од солунската гимназија. Наскоро и учебната година заврши.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Имајќи ме мене, тој зајде и така се најде во противречност и сега, како што вели и самиот во една своја песна, ќе мора да ја повторува лекцијата на животот, ако воопшто има веќе време и ако воопшто има веќе пред кого, да ја раскаже таа лекција и одново да го положи испитот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тогаш брцнува со раката во внатрешниот џеб, и види, оттаму си го вади лицето, тенко како флиспапир, го положува онаму каде што треба да стои, го притиска со прстите и кога ги тргнува дланките, гледа како од огледалото го гледа лицето на Фирерот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сонувачот, след чудните механизми на сонот, чувствува како го облева задоволство.  Макс Мертен фрла поглед на календарот и констатира дека е 13 октомври 1942, па помислува дали баксузниот датум е добар за ефикасно отплеткување на крупниот јазол, пред три месеци врзан околу вратот на еврејската заедница.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тој бил противник на каква било форма на балканска федерација и самиот настојувал „да спречи групирање на малите социјалистички држави, да се оневозможи тие во заедница да се грижат за својата независност и суверенитет, да останат така самите за себе изолирани едни од други, без потпора една на друга и секоја да го положи својот суверенитет и својата независност во рацете на советската влада под нејзин протекторат.“ 359
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Сега имам запаление на зглобовите, тука, сега. Но го положивте првиот дел од матурата? Лесно! И вториот дел исто така лесно.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Се обиде да го крене за да го положи на креветот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во еден агол распосла слама, го положи јагнето, а на овцата ѝ стави во дрвена копанка да јаде.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Успеавме! - ја крена главата Денко. - Успеавме! - викна силно, радосно, па го крена девојчето и го положи на ливадата, малку настрана од стубелот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Потоа го симнал куферот од грб, го положил во тремот на станицата, ја поканил придружничката да седне до него, потоа и тој се прибрал до неа на куферот, и додека чекале да пристигне возот од Битола за Прилеп, на Јончета Ризески Штетата, кој дојде за шеф на станицата на местото на Недлека Акиноски, кого при крајот на последната Голема војна, на повлекување, Германците го убија на станицата во Прилеп, и уште на Крстета и на Ордана Дамчески, кои, едниот како чувар на пругата а другиот како десетар, постојано се вртеа тука, им раскажувал што сè било запишано во тевтерот и додека раскажувал постојано се загледувал во ридиштата а таму врз нив, веќе префлено на оваа страна и на зајдување, сонцето како злато да истурило, така се чинело.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Двајца мажи влегуваат во гробот, кој нема како денешниве рамно дно, туку на дното на гробот ископана е правоаголна дупка, нешто како гроб во гроб, и во неа го положуваат стрика Анѓела, откако пред тоа го подземаат од други двајца кои им го подаваат завиткан во веленце.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но во меѓувреме, пред да пристигне на станицата возот од Битола за Прилеп, се случило нешто што многу ги збунило, а потоа и ги насмеало нив тројцата, Јончета Ризоски Штатата, Ордана и Крстета Дамчески.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но јас не одбивам: возвишен сум толку за да ме прими Бог во одајата, оти Бог го положил словото свое на таа книга.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Откако ги најдоа сметките за тоа кој е крив за поразот, објавија дека Демократската армија на Грција не е победена и не го положи оружјето, туку го стави покрај нога.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Судските власти, се разбира, немале сметка јасно да ги изнесат причините што ги натерале македонските револуционери да го извршат тоа опасно дело и со зачудувачка смелост да го положат својот млад живот по солунските улици.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Таа ќе го положи бебето на меката плевел.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ќе го следи неговиот глас и ќе го најде на брегот до огромна пастрмка, дваесет-триесет инчи долга.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Прописно ќе им припаѓа и таа ќе се наведне и ќе му помогне да ја повлече на брегот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сара тогаш имаше петнаесет, а јас четиринаесет години; таа не се ни обиде да се запише, а јас не успеав да го положам приемниот испит.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Двете продолживме да цртаме заедно, при секоја наша средба.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
46. Другото нешто што се бара од нас е да се обрнеме кон нашите браќа што војуваат во татковината наша да го положат оружјето за да им се даде возможност на Русија и на другите сили да ги преземат сите мерки што зависат од нив за да се задоволат сите наши религиозни, национални и економски интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Поради доцнењето, не го положил испитот и не го завршил факултетот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Сѐ додека оној ден, кога сосема во невреме, младичот сета утрина остана во дуќанчето, иако утредента требаше да го положи последниот испит; остануваше така шетајќи се нервозно од едниот до другиот ѕид, а не велејќи за тоа ништо, сè до тој ден, кога сосема во невреме не почнаа од вратата на тутунската фабрика да наизлегуваат разјарените луѓе во сини комбинезони, прво една сосема мала збиена група, а по нив една цела река, дофрлајќи по нешто гласно преку рамената, сите со онаа разјареност во погледите како еден човек, како еден разлутен човек, кој треснал од земјата сè, кој повеќе не може да поднесе нешто да се продолжи да се прави со него, кој се свестил дека е ограбен, и кој што има тука да го каже и својот збор.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дали оддалеку се чита дека немам кому да му виткам сармички од лозов лист и да му спремам подварок, па девојчињата дообучени од Агенцијата за вработување за тоа „Како да го погодиш вистинскиот муштерија за вистинската книга“, го положиле испитот со висока оцена и мене ме издвоиле од толпата?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
За неа детскиот сон почна да се претвора во јаве уште во јуни, кога го положи приемниот на Педагошката академија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Со заедничкото живеење и со бракот на проба го положија испитот на зрелоста.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Уште кога немаше да го положам испитот, сосема ме снемуваше.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Мајка ми ги пали последните ѕвезди на Канаан во моето огледало и го положува Својот превез врз мојата последна песна...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ќе најде храброст да ги задржи солзите и да со обрати на толпата со зборовите, небаре преземени од својот син: Тој е син на сите вас!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Потоа со двете раце ја растегна книгата, готов да ја распартали, па го свитка коленото, го положи долниот дел од десната нога на креветот, се надвисна над една од страниците и почна да чита: “Веќе подолго време се подготвувам да пишувам за тоа на кој начин ми недостигаат слободата и нормалниот живот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Едниот примерок од документот од задната страна го намачкав со лепило и го положив на сандакот за муниција што стоеше меѓу нас.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Невидлив меч му го пресече телото, како кога ќе видеше на огласната табла на факултет дека не го положил испитот или како кога некоја девојка која му се допаѓаше ќе поминеше покрај него гушната со некој дечко.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Горан знаеше по седум пати да им се јавува на девојки кои не сакаат ни под разно да излезат со него, да ги застанува колегите во факултетските ходници и да ги гњави со тоа како за малку ќе го положел испититот ама ете немал среќа, и згора на сето тоа, професорот го мразел и да се фали со тоа дека оди на журки кои се посетувани од битни велеградски фаци.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Човекот во белиот мантил се наведна и се загледа одблиску во Винстоновите очи, му го провери пулсот, го положи увото на Винстоновите гради, го потчукна овде-онде; потоа кимна со главата кон О'Брајан.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој го положи Винстон на креветот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ковчегот го извадија и го положија на едно чисто плато од десната страна на браната.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Сакаше и други работи да му кажува на дедо Костадин за себе и за Димостена, а и за тоа дека не знае што да прави откако ќе го положат во црната земја, да ѝ јавува ли на баба Петра дека овој пат нема да дојде при неа тој како што правел секогаш кога скитнувал по светот или таа веќе знае што се има случено тука?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И додека слободарскиот Лос Анџелес тоне во својот мирен сон за којшто животот го положија најдобрите синови на неговите народи и народности, месечевите зраци нежно паѓаат на камените плочи на холивудските гробишта, откривајќи ги имињата на некогаш живите луѓе што тој сон го создале: Рудолф Валентино, Џејн Мејнсфилд, Даглас Фербанкс, Мел Бланк, Питер Лоре, Сесил Б. де Мил...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Го положија на едно ќебе.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Го положуваат телото на Фатмира во гробот. Го опсипуваат со цвеќе.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
По многу црти од лицето ме потсетува на татковиот лик.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ајде сега пеј му химни, држи му говор над гробот, напиши во извештајот дека херојски го положи својот скап живот пред олтарот на слободата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Потоа го донесоа табутот и телото го положија врз него, па го прекрија со покривка везена со зборови од коранот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се растрчаа измеќарите, дојде и оџата од новата џамија на ибн Пајко, па го положија телото на еден душек, со главата кон исток.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Немам – признав – а и не ми е јасно што е тоа услов за трета, ама право да ти кажам и не ме интересира.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Хармонија е предмет што треба да го положам во септември ако сакам да фатам услов за трета година, а колку е досаден и тежок, поим немаш!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
После, кога ми дојде мене редот, откако таа си го положи испитот, го знаев само првото прашање.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)