го (зам.) - покоси (гл.)

Чувме дека и него го покосила улерата. Си го зела. Црна смрт во црно време. 138
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го покоси маларијата и него како многу други ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Горјан ја сврте цевката од „шарецот“ десно, Германецот се поткрена и колку да ја фрли бомбата Горјан брзо го покоси.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Со моето тело го покосивте и мојот говор. Ме оставивте сама и црните сокови на вашата неизбежност. Ќе ме хранат дури не легнете крај мене.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Го бутуриса овега од вилата и уште повеќе разјарен, продолжи да шиба со вилата во копата, и оттаму, од сламата, наденат на вилата, извади и друг запија, го крена високо и токму сакаше да го акне од земја, го покоси еден куршум, истрелан од пондилата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)