го (зам.) - позлатува (гл.)

Нивните остри штикови, закачени на пушките, на утринското сонце блескотеа и се прелеваа.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Јован Стојче-Столетников и Симон Наконтик го разгорувале огнот. Се намалувале, можело да се биде и помал виновник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Наскоро се раздени. Сонцето огреа. Неговите зраци, откај Кајмакчалан, се лееја по градот и го позлатуваа...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Цела мрежа зраци го позлатуваше пејсажот, и не можеше да се определи изворот на таа чудна, дифузна светлина.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
До нив клекнал Трипун Караѓоз и ги подал рацете да се погрее. Пламенот му го позлатувал носот, очите му солзеле од чад.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)