го (зам.) - позема (гл.)

Тој ѝ го подаваше рулчето, тој ѝ го поземаше.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
— Сакаме да го видиме, велам јас и пак му ја вртам главата, не му го поземам зборот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Му го поземам зборот на Никифор Абазовски, му ја продолжувам пофалбата и заплескувам со рацете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бандиера роса. Пееме првин тивко, што се вели, накусо го поземаме гласот, а после и на посилно го пуштивме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со едната рака засекуваш танок лист од момирокот, а со другата го поземаш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Куферчето ми го позема една жена застаната на вратата. „Нова Македонија“!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја доближува устата до златниот пораб од венчето и, со наведнат поглед кон мене, го позема чајот со усните.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На мајсторите им пречеше тоа негово заостанување и тие некое време го поземаа постојано подвикнувајќи кон него секакви шеги, а многу често и пцости.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Истрча низ вратничката и се закопа до натколениците во снегот, а со секој дел од своето тело просто како да го впиваше во себе дишењето на таа единствено вистинска, топла и миризлива југовина, што го поземаше во своите заплиснувања и го омекнуваше сиот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега чекореше понесен по тој ветер, просто како да се прегрнуваше со тој свој долго чекан и незаборавен ни во сонот пријател, одеше таму каде што го поземаше неговото немирно кискање, сѐ дури не стаса до работ од шумата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога се правеше гробот, кога ќе почнеа темелите да му се копаат, да се поставуваат темелници на споменикот, се канеа сите блиски и роднини на покојникот, како куќа да се прави: се колеше јагне или овен, се редеше главата во темелникот, се правеше ручек, се викаше попот, и тука заедно со мајсторите се јадеше, се пиеше; пред тоа, попот Матлија со крстена водица ќе го осветеше гробот, ќе му пееше молитва, ќе фрлаше поглед на плочите и камењата стокмени за споменикот, ќе ги пофалеше мајсторите што ги делкале, домаќинот што стокмил пари за споменикот, а потоа, сиот измастен од месото што го дрпаше, го поземаше бинлакот со вино и долго го држеше на устата како да го подува.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ѕвезда го позема јаболчето, од жал за баба го позема и загризува. Низ прсти ѝ потече блажина.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Ова беше во крпата! Сите го поземаме, го вртиме, го загледуваме.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Брзата струја го поземаше, го вртеше околу коренот на врбата, го пикаше во муљта долу, само не можеше да го излаже, тој ѝ ја дозволуваше на струјата таа игра само затоа што му беше убаво, оти му ги разбркуваше сите мисли од главата, остануваше само една: да не биде прелажан, навреме да насети кога таа сака сосема да го сплетка во жилите на врбата или муцката да му ја напика во тињата, ама тој тогаш со едно турнување со нозете и со едно замавнување со рацете како ѓуле излетуваше на плиткото веднаш зад врбата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)