го (зам.) - позајми (гл.)

На пример, го среќаваш Перо водоводџијата, Рустем слаткарот или Ќиро клозетската шоља и замолуваш некој од нив да ти го позајми носот...
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Словените служеле кај Римјаните како робови и гладијатори, а кај тие робови и гладијатори најмногу се повторувал зборот „слав”, затоа тој збор фатил да означува, од една страна, човек што ги работи најтешките работи, т.е. роб, а бидејќи најмногу робови се земале од Словените, тогаш, од друга страна, Словените биле крстени од Римјаните со името „slavi“ коешто тие си го позајмија од нив и го преправија на СЛОВ-Е-НИ, т.е. Словени.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не можеше дури ни да се повлече, изговарајќи се дека дошол да го позајми Речникот, зашто во таков случај беше неможно да се објасни присуството на Џулија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Работа на која постојано се враќаше беше неможноста да дознае каков бил навистина животот пред Револуцијата. Извади од фиоката еден детски учебник по историја што го позајми од г-ѓа Парсонс и почна да препишува еден пасус во својот дневник:
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Своевремено Камилски му го позајми овој речник на Татко од кој тој извлече многу поуки, но неговиот пријател не беше го консултирал ниту речникот, а ниту предговорот, па сега се чудеше од каде му се на Татко овие сознанија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Јаката му наликува на раширено ладало и главата стои врз неа како одсечена; сонот го позајми неговиот лик за оваа улога.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Паралелно со работните обврски ужива во играње видеоигри, соработува со списанието "Максимум ПЦ", го позајмува гласот во Манга-цртани филмови, а се појавува и во филмот "Биг Лебовски" на браќата Коен.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
- Зошто Бојана? - Ако не забележа, тоа е твојот стик Александар, ми го позајми пред да дојдеме на балот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
И потем почна да ме моли; ме молеше како мало дете, целосно инфантилно; клечеше на колена пред мене, ми ги бакнуваше стапалата; рече дека бара само да му дозволам да ми го открие стомакот; дека ништо друго не бара и дека ме моли само на половина час „да му го позајмам стомакот“ (токму така рече, господин судија!); рече дека ми ветува дека воопшто нема да ме гибне со рацете; јас се смеев, оти предлогот беше луд; „Јан Лудвик“, му реков, „Ние сме возрасни. Какви ти се тие глупости?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Или за оној дебелко кој едвај влегуваше во своето Fiat Seicento, за кого претпоставувавме дека скришум го позајмува од неговата жена, додека таа комотно се шири и на другата половина од креветот што тој пред малку ѝ ја ослободил.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Мислите на еден од поновиве албуми на Фолтин, можам да ви го позајмам да го чуете и ако баш сакате да знаете, се изговара Донки Хот, а не како што рековте вие.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Поентата е да се сфати „симболичниот триумф на уметноста над материјалниот свет”, пишува кураторот Mark Rosenthal кого Guggenheim музејот за оваа изложба го позајми од National Gallery of Art, кадешто работи како куратор за уметноста на 20 век.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Сливите ги претури во џебот од скутникот, а собраните зрна во козиненото торбиче што го позајми од Пандо.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Оди пред мене...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Врви, врви жено - ѝ подвикна Кузе - а затоа што сакаш да ме поткупиш, тешко тебе.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- До стрништето? А што си барала таму, те прашувам јас тебе?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Бројни беа француските пријатели. Големиот актер-уметник Жан Негрони, пријател на Жерар Филип, му го позајми својот глас на текстот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А Нина му го позајми нејзиниот на Влатко, зашто од грипот „фатила“ бронхитис.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Па ете, овде значи, мојата посета е завршена, повторно без потреба ме намачија; на тоа се навикнав; со помош на мојот ноќен ѕвонец ме мачи целата околија, но овојпат морав да ја жртвувам и Роза, таа убава девојка, која години и години живее во мојата куќа, а јас не сум ја ни забележал, – ова е веќе преголема жртва и јас морам да ја соберам сета своја досетливост за да пронајдам некакви остроумни објаснувања за да не го нападнам ова семејство, кое дури ни со најдобра волја не може да ми ја врати Роза.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Коњот ми пцовиса, а во селото нема никој кој би ми го позајмил својот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)