го (зам.) - подучи (гл.)

Никој што го работел ова што вие двете сега го работите не смее да си дозволи срцето да го подучува како да постапува.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не се обидувај да го подучиш оној кој е сигурен дека знае.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
- Не оди така, - го подучи Геро, уште седнат со папсаните раце меѓу колената.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Па знае и добро да псала. Го подучил и поп да го прави.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Срцето е најлош советник во нашата работа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Освен на занаетот, татко му почна да го подучува и на старите закони и книги кога наполни пет години.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„О, госпоѓата на нашиот Генерал дошла да нѐ посети“, вели тој откако ја забележа Трајчеица и некако загадочно се осмевнува, како да ја насетува миризбата на разговорот што до предмалку шеташе помеѓу нас двете, а потоа пријде, се поздрави; Што има ново кај вас, прашува, ну, как паживаете, как здаровје, жизн, постапува сѐ по моите упатствата, како оној зет кога требало да ги посети тестот и бабата во другото село па жената го подучила како да се однесува.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)