го (зам.) - подразбира (гл.)

Затоа е разбирливо значењето на пронаоѓањето на консонантно-силабичкиот систем на писмо, со што започнува нова етапа во развитокот на писмото и се подготвува почвата за формирање на квалитативно нов систем на писмо, алфабетот. 88 okno.mk
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во создавањето на грчкиот алфабет по пат на прилагодување на феникискиот систем на писмо кон грчкиот јазик во целост е сочувана парадигматиката на протосемитскиот систем, при што под парадигматика го подразбираме редоследот на графемите, нивната бројност и нивните меѓусебни односи во рамките на дадениот систем на писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Комуникацијата е можна единствено на овој начин, бидејќи тоа е единствениот начин на кој секој говорник под јазичните изрази го подразбира она што го подразбираат и сите останати во неговата јазична заедница.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Овој вид гледиште, општо речено. е фрегеовски; тој се сведува на исказот дека она што на изразите им дава смисла го трансцендира тоа што за нивната употреба го знаат говорниците.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Фрегеовската идеја може да се изложи на следниот начин: со цел смислата на изразите да им биде јавно достапна на сите говорници на јазикот, тие мораат да бидат определени, и според тоа, не можат да се состојат во она што индивидуалните говорници субјективно го подразбираат под нив.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Кога еден говорник загосподарува со изразот, тоа го прави така што ја сфаќа неговата објективна смисла а потоа го употребува, доколку тоа го прави коректно, во согласност со неговите објективни услови на смисленоста.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Да му се понуди на еден идеолошки систем од комунистичка провиниенција кој за своја херојска историја го подразбира својот антифашистички ангажман - имиџ на симболот на “фашистичкото, то ест нацистичкото зло” завиткано во уметничка амбалажа беше суптилно испитување на можностите за слободно користење на извесни културни сегменти претходно цензурирани и забранувани, но и барометер кој покажа дека режимот за кој генерации и генерации југословени мислеа дека никогаш нема да замине од политичката сцена веќе беше на почетокот на својот крај.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Овој проблем беше забележан од извесен број автори.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Вуд (13, p. 225), на пример, јадровито го искажува тоа на следниов начин:”Проблемот на Дерида е да го каже она што го подразбира без да го подразбира она што го кажува”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кога Кратил би имал право, овој проток на значења би ги лишил И неговите сопствени тврдења од каква И да било одредена смисла.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но, додека димензијата радикализам-конзервативизам може директно да се интерпретира во термините на вредносните системи, димензијата демократичност-тоталитаризам го подразбира и ставот кон државното уредување, односно определувањето за одредена општествена форма на уредување.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Дефиницијата станува необична како што се перспективите на оптичката спирала. TETE, исто така, зад себе привлекува повеќе импликации: 1. доење, цицање, споменување на цицањето во контекст полн со сексуални алузии мора да го подразбира инцестот, што исто така претставува внатрешно спирално движење. (Во врска со овие теми, интересно е да се напомене дека според француското народно предание, децата се раѓаат од CHOU-FLEUR, односно главата на цветот.) 2.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Не се наоѓаме пред содржина која може лесно да се одгатне, како што е случај со “орфизмот” на Делонеј или Кандински и на сето она што е мистично и интелектуално а што го подразбира орфизмот, туку пред една комплексна разновидност, колку интелектуална толку и психоаналитичка.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Карактеристично е, на пример, што тој се претставил себеси како „Дишач“, ако францускиот збор за дишење, resperer, го подразбира и aspirer, „да се аспирира, да се тежнее“ и en spirale, „во спирала“.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Понекогаш старчето посакува една обична изненада (не авантура, авантурата го подразбира и нашето лично учество), на пример еден маестрален лет на фазан сличен на опашеста ѕвезда над мокрите и зачудени елки.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Плодот го подразбира и нашиот пораз.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Таа нуди естетика на општествено суштествување кое се приврзува за обликот на еден прав живот и му дава убавина и вредност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Исто како што можеш да учествуваш во геј-културата без да бидеш хомосексуалец, така можеш да учествуваш во хетеронормативноста без да бидеш стрејт.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Еротскиот модел на еднакви љубови што го подразбира му е еднакво мил и на еден од главните ликови во романот од 1998 година Летот на стрелата од Марк Мерлис.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто она што го подразбира хетеронормативноста не е само нормативноста на некоја конкретна сексуална практика туку и нагледноста и очигледноста на стилот на општественото постоење што со себе носи неприкосновена престижност и нормативна моќ. ‌Хетеронормативноста го претставува повластувањето на нормативниот хоризонт на очекувања за човечки процут.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ниту во едниот ниту во другиот случај не се работи за прашање на секс; во обата случаја се работи за прашање на културни норми.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-луѓето денес честопати учествуваат во хетеронормативноста токму во таа смисла – било затоа што многу сакаат, било затоа што се под притисок да се сообразат со единствениот модел на достоинствена човечка интимност кој го крепи хетеронормативноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Она што јас го подразбирам под „буквално преведено значење“ е блиско до поетската метафора, но не треба да се меша со неа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„Барокниот“ стил, или она што го подразбираме под „магиски реализам“, го среќаваме во оние раскази чија произволност мораме да ја прифатиме ако сакаме да поверуваме во нив. Таков е, на пример, расказот за Моне Хенџов-Даров.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Сепак, во случајот со Црни овци, имаме средба со она што ние, крајно опширно и начелно, го подразбираме под модернистички расказ.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тоа е таа кањонска разлика помеѓу нашите навидум исти цивилизации: американскиот копнеж по поседување или консумирање на сонуваниот објект подразбира стоење пред излогот во којшто објектот се наоѓа; источноевропскиот сон го подразбира истото тоа, само што не постои излог.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Променетото сценарио го подразбираше и минувањето на границата, последната епизода.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Французите викаа нешто што братучедите само го подразбираа, а братучедите не мрдајќи од место молеа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Или качувањето на горните седишта го подразбира тоа водење.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Апсолутните одрекувања го подразбираат спротивното.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Допуштам дека поимот за „имплементирање” што се обидувам да го експлицирам овде не е сѐ уште егзактен: но сигурен сум дека тој е повеќе, како она што компјутерxиите го подразбираат со извршување на една програма.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)