го (зам.) - подобри (гл.)

Должност е на неколкумината одбрани кои го разбираат ова да ги преземат овие мерки; тие имаат обврска да го подобрат светот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој беше изразен во повиците за религиозна реформа, месијанството, аскетизмот и мисионерската работа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И во средновековието и во модерната ера постоеше едно чувство дека присутното не задоволува, и дека треба да се преземат специфични мерки за да се создаде една подобра иднина.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Никаква информација ни за Душко млекарот, ни за инцидентот, ни за Цеца ни за пичке материне нема да го подобри вашиот живот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
И во суштина, иако не беше употребена за ниедна од тие цели, туку само за автоматски процес на производство - произведувајќи добра кои понекогаш беше неможно да бидат дистрибуирани - машината навистина и значително го подобри животниот стандард на човечкото суштество во еден период од околу педесет години, на крајот од деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Поширока коалициска влада би го подобрила кредибилитетот на институциите“, изјави пред некој ден и овие зборови сега ги повторуваат сите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Зашто од девет до пет произведувам загадување во вид на штетни состојки што го подобруваат вкусот и естетскиот изглед, го пакувам тоа во амбалажа со штетни последици за да изгледа попримамливо.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Има луѓе како мене, и други можеби позрели луѓе, кои Екстази го користат за да си го подобрат својот секојдневен живот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Грубо речено, има два вида корисници.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Не се дотеруваше како другите негови домски другари - да спие со врзана коса, да црта ќумурни мустаќи, да пушта долги нокти на малиот прст - зашто однапред знаеше дека со ништо нема да го подобри својот физички изглед, за евентуално да го сврти вниманието на некоја од оние девојки што живееја како нив во државната установа на милосрдието и дарежливоста, само преку ѕид.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Јас ќе одам да го подобрам составот на земјата.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)