го (зам.) - поднесува (гл.)

Професори главни просветители на младата нација. –продолжи таа –Ги подигаме, мораме да мислиме како: Психолошки правилно да ги насочиме, да го поднесуваме нивниот бучен темперамент и што ли уште не.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Скопје, октомври, 2003 Сите тројца тешко го поднесуваме отсуството на Ласа.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Неосновано веруваше дека повеќе внимание му обрнуваме на Трендафил. Не беше така.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Витгенштајн го поднесува Трактатот како докторска теза 1929 година. Членови на испитната комисија биле Расел и Мур, а Муровиот извештај бил: „Моето мислење е дека тезата на господинот Витгенштајн е дело на гениј; но, како и да е, таа во секој случај ги надминува потребните стандарди за степенот доктор по философија на Кембриџ”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Повторно го привлекува Кембриџ, првенствено младиот брилијантен философ, Ф. П. Ремзи, кој како осумнаесетгодишник му асистира на Огден во преводот на Трактатот, пишувајќи и осврт на книгата Mind.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Беше едно време и псалт во главната црква, но се повлече, не можејќи да го поднесува судирањето на суетите, што постои и во тоа звање.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тој рече дека косата ми мирисала секогаш на цимет; му реков дека такво нешто сигурно немало, бидејќи јас не го поднесувам мирисот на циметот; тој ме убедуваше дека било така.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тие, секако, со чувство на посебен пиетет се сеќаваат на оние млади Македонци коишто и во Првиот и во Вториот Илинден на бојното поле на својата татковина го поднесувале својот живот зачудувачки смело, зачудувачки ладнокрвно.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Арсо не може да го поднесува ова тмурно лице. Му оди на нерви.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Зар не е одвратно тоа да влезеш под кожата на оној што не можеш да го поднесуваш ни со чувството ни со мислата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Уф, тој Патрокле! Повеќе не би можел да го поднесува неговото бескрајно плеткање.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Не го поднесува ова придушено крцкање на ножицата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Не можам..., не можам да го поднесувам незнаењето. Не ја поднесувам несмасната изгубеност. Тие недовршени мисли ме убиваат.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Но во тоа беше моќта на талентот, - кутрото дете почнало сѐ одново, храбро го поднесува и најголемиот бол.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Жртвата тоа го поднесуваше мирно и со молчење.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Дали ние сето тоа можеме и смееме мирно да го поднесуваме?
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Со ЗИДЗВРС од 2009 се допрецизира и постапката за издавање на работна дозвола, врз основа на барање на работодавач и на корисник на услуги, со додавање на три нови става, од кои во еден од нив се пропишува дека завереното барање за издавање на дозвола за вра- ботување со останатите неопходни документи, согласно со Законот за странци, 5 странецот го поднесува до дипломатско-конзуларното претставништво на Република Македонија во странство, во државата чиј државјанин е или во државата каде што тој престојува врз основа на дозвола за престој, со цел да започне постапка за добивање на работна дозвола (чл. 3).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Затоа и сите чифчии денеска стоички го поднесуваа припекот на сонцето и чекаа да се стемни за да се вратат во своите кошарки по чифлизите и да го продолжат ропскиот живот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сакав да ѝ приредам изненадување, уште еднаш недостојно поигрувајќи се со големата љубов на родителот, небаре тој е должен тоа да го поднесува.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка и ова патување со вовчето кое требаше да запре во новата станица на судбината, херојски го поднесуваше.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Со еден збор отворено му се ругам на мојот потчинет, иако сум свесен дека она неуморно демонче демне над секој мој неизречен збор, го лови со акробатски скокови и му го поднесува на мојот потчинет на начин што јас не можам да го одгатнам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Навистина, не е фер што Валерија постојано ми зборува дека не го поднесувам Чико.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
И си велам, ете, само тие, единствено тие можат да кажат како човекот го преживува и го поднесува поразот, каков треба да е во битисувањето човеково и во битисувањето наше, во непреболот наш и како треба да издржува страдајќи.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Дали не ѝ го поднесуваа тлакот, мирисот? Којзнае што беше?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На многумина уште не им е јасно што фактички значи федерацијата во целина за нашата земја и за различните народи посебно.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Иако во времето кога го поднесувале извештајот „правните надлежности на АВНОЈ (и на Националноослободителниот комитет) сè уште не се јасно дефинирани“ и „сѐ уште не се зацртани границите меѓу регионалната Влада и централната власт“, тие сметале дека „би требало да се очекува, централната Влада да има неограничена власт, а регионалните влади сѐ уште се ембриони не само по форма туку исто така и во однос на власта. ‘Прашањето за федерацијата’, ќе напише Тито, ‘им е познато на многу наши граѓани единствено како израз –‘федерација’– кој претставува нешто подобро отколку она што беше во стара Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Шарко најмногу не го поднесува политичкиот комесар. Каде и да се појави тој, во ровот, во редот пред казанот - лае по него, ‘ржи, покажува заби, на грбот му се наежува влакното, го гледа со крвјосани очи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А, тие денови, последните од учебната година, толку се имаше разлошено, што не можев да го поднесувам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)