го (зам.) - поднамести (гл.)

Треба да се дигнеме ние поробените на оружје!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Претставникот на Централниот комитет, следен со бурен аплауз од присутните, се доближи до микрофонот, го поднамести според својата висина и започна: - Другари, ние чекориме во комунизмот, многу побрзо отколку што можеа некогаш тоа да го предвидат и нашите највидовити стратези.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Гоце стана, го поднамести појасот (во кој се наоѓаше неговиот револвер и камата) и почна да зборува: - Драги браќа!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Секој слободен миг го крадеше за да го поднамести следниот трупец, што требаше да биде спуштен во еден миг пред бичкијата, за тоа имаше одлични помошници во лостовите, што ги имаа направно заедно со Дука во текот на сите изминати лета во оваа зградичка и сега беше просто милина да се ракува со нив, онака познати и послушни.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И од оваа стапица ќе се извлечам. Само вие подгответе сѐ што ќе речам.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Лила - најубавата, голема кукла полека стана, си го поднамести фустанчето и скокнувајќи од долапот тивко простенка: „М-а-м-а“, потем се упати кон белото зајаче Џипси и му рече: „Тропни со барабанчето! Треба сите да дојдат на овој собир!“
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
А, Јагулче, откако малку почека, сакајќи да биде по негово, го поднамести медалот и седна.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Гоце се намурти, ги крена веѓите, го поднамести појасот и се замисли...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)