го (зам.) - подигнува (гл.)

Тие околности денеска го подигнуваат едно наречје на степен на литературен јазик, утре друго итн.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Со скромниот џепарлак што понекогаш ќе се најдеше во завртената дланка на татко, а јас од неа го подигнував како нафора, можев да си приредам задоволство да имам книга само за мене.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Хрушчов го подигнува малото шеширче, ја открива ќелавата глава и пруса, ги ситни чекорите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го подигнува и полека го изнесува на суво.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Го подигнувам погледот додека авионите полетуваат од Нарита, на пат кон дома која сега ми изгледа подалеку од месечината.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Глигор го подигнува гласот и во очите му згуснува остро блескање: „Кои сакаат да ја видат својата земја ослободена!“
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)