го (зам.) - погледнува (гл.)

Но тоа го изговорив не со револт, не како оптужба, го изговорив со еден тон на итрец, што само се правел на будала, се преправал дека не гледа како сакаат да го насамарат другите, ги остава да чинат што намислиле, а в душа надмошно им се потсмева, и еве со презир го погледнува предметот за кој се плетеле замки - новите чевли на нозете на Банета.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
На човека некако само од себе му се налага да ја замисли над шивачка или плетачка машина во задружна работилница, каде што жените, кога ќе влезе некој, го погледнуваат кратко под око, не исправајќи ја главата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Крсте го погледнува стариот, а после мисли. Денеска се запозна со Лила.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ама тие, повеќето тукашни, ниту го погледнуваа. Само старшијата се сврте нервозно на столицата и му се опули намусен, туку пак се здржа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Продавачот махинално, без да го погледнува, покажал со прст на обесените палта.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
СТРИКО КОЉО: (Го погледнува пагурчето). Ти си го доцицал, та мене ми го даваш!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
- Ја познавам! Ана трепнува и зачудено го погледнува. - Не сум очекувала вакво познанство.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Го погледнува новиот часовник кој му работи на механичка енергија. - Во единасет навечер?
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ќерка му немо го гледа.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Го погледнува во очите. Суви се. Само снагата му трепери.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Зашто твоите милувања се подобри од виното”17 - чита од нејзините усни. Ѝ се насмевнува, па вртејќи се кон олтарот, го изговара псалмот: „Ако те заборавам Ерусалиме, нека ме заборави и десницата моја.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Бугарските полицајци се растрчуваат. Викаат по некого. Жена му го погледнува.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таа отпива од виното. Потоа го погледнува својот љубен.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
МЕТОДИ: (Се стреснува. Се врти. Го погледнува Лукова.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Го погледнувам јас: здрав е, сѐ има на него и сѐ му е убаво. 24
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)