го (зам.) - погледа (гл.)

Го поздрави Елеазара со својот длабок глас и без стегање му се обрати на Лука.  „Градоначалниче”, му рече, по малку задишан, свештеникот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Рабинот го погледа Карер под око и задоволно потврди со главата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таа го погледа Шабтај, а тој ѝ одобри со погледот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Можеби е подобро да си излезат веднаш и да останат со надежта дека двата цртежа се поставени на онаа парче од ѕидот што тие не знам зошто не го погледаа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Јас сум водач на едно движение тука, - рече таинствено тој и го погледа Коча малку преку рамо, небаре сакаше да го предупреди: ама ти молчи си...
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Пукнат е лустерот! Понекогаш дури и пред да го погледаат гостите, брзаше да ги предупреди: Пукнат е лустерот!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Жената зачудено, љубопитно го погледа, мирно се спушти на столот до неа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Седна и Павле. Миг-два се гледаа смолчани. Потоа и двајцата почнаа слатко да се смеат...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тој ден, иако пред да легне помисли на тоа, не излезе да го погледа добитокот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
ФЕЗЛИЕВ: (Откако ќе го погледа Лукова.) Добро. (Почнува да го чита писмото.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Наскокнаа да го погледаат уште еднаш штом го чуја како се оддалечува, наскокнаа сите барем така да го испратат, се наредија на сите отвори од бараката и гледаа по тој темен човек под сината месечина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Знам дека „има“ Пат.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Соговорникот го погледа сомничаво.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Недоверливо, напорки го погледав. Веднаш ги разбра моите погледи и сега не се стрпи, рече: - Ти си луд, другар.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
” Богдан го погледа збунето.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
А што станува со сегашноста на нашите деца? пресече госпоѓа Камилска, оставајќи го својот сопруг без одговор.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Госпоѓа Камилска не можеше во мигот да разбере за какви нови времиња се работи, прашално го погледа својот сопруг, а тој продолжи: Ние работиме да го спасиме Балканот, иднината на нашите потомци...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Еден од мајсторите го зеде јагнето и го завлечка накај темелот: јагнето насетувајќи ја опасноста, почна да блее и да напиња со глава да ја скине врпцата, но мајсторот го зграпчи за половина, го крена и го однесе до темелникот; кога јагнето го виде ножот што го измолкна мајсторот зафати посилно да прета и пожално да блее, да моли за спас; но мајсторот, го притегна поцврсто да не прета и му ја стегна устата; јагнето сега почна со погледот да го моли мајсторот да го пушти, да го ослободи; но мајсторот му ја затегна главата нагоре за да му го зарие ножот; кога виде јагнето дека му нема спас, дека мајсторот нема срце, душа, го погледа со презир, со омраза и смигна да не го види сечилото од ножот што му беше допрено до кожата; првин сети студенило во грлото, налик на допир на мразулец, а потоа силна болка, губење на воздух, на здив, на свест, се стресе, спрета со нозете, за последно сапна, потоа се успокои, како да заспа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Не смееш да го избркаш од дома, не смееш да го плашиш да не се трауматизира, не смееш дури ни попреку да го погледаш.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
И тогаш Митра го прифати новиот створ, му го претолчи папчето со две камчиња што ги спреми однапред за таа работа, скина од Достините плетенки едно конче и му го врза, го издигна за главче, го погледа и пред очите ѝ излезе нејзината Ѓурѓа кога се оддели од неа, и кога бабата Маса исто така ја однесе на горни крај во пепелта.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога Лесната, како званичен претставник на селото го допре прашањето за спаилакот, Суло го погледа попреку и му забележи: — Дур, бре Лесен, дур!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Ете така, го погледа денеска.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сонцето излезе на сред небо и како да позастана и тоа да го погледа орото на сред Витолишча.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Доста тоа и чекаше. — Mope, ами кога вие велите, јас шо има да реча! — изусти таа и го погледа Трајка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И таа се плашеше да го погледа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Намисли да појде кај отец Серафим да му го каже сонот, да му се исповерда, да почувствува леснина во душата, но се исплаши да не го погледа прекорно отец Серафим и да му рече: Соновите ни го кажуваат она што го мислиме...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Стивенс го погледа восхитено игуменот. Се чукна пак со него и рече: - Интересно...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Учителот го погледа со јад во душата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Бонети по некое време зеде едно малечко парче, го стави во чинијата, штулна со двата прсти од него, го погледа како да фаќа нешто гнасно, го донесе полека до носот, го помириса, а потоа го стави в уста, постоја така не џвакајќи го, а потоа откако го изизврти во устата, го голтна со напор.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Бабата го погледа, но не се насмеа.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Ме презира, бедник - беше лут на своето неспретно тело, но бесот лесно го прекри со насмевка – Би го погледал Градот оттука!
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Го препозна, го погледа, го поведе за рака и го – бакна!
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Мече весело стана, го погледа со гордост своето дело и наеднаш му текна да го испроба: од долниот отвор му сипа вода до половина, по тоа го стави чамовото дрвце во цевката, го притисна силно и тенка, остра струјка вода блисна далеку нагоре.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Потиснат од она што го чу, Мече молчеше и дури не смееше ни да го погледа својот другар што молчаливо веслаше низ трските.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Белич го погледа изненадено.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Го погледа Сандрија откосо, божем навистина му треба неговото мислење.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Валијата подзастана, па го погледа под око: „Ама еднаш си бил кај неа? Без мој изим и мое тескере, така?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Игуманијата го погледа со недоверба.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Мислиш, ова се твои зборови?“ проникливо го погледа бегот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тодора го погледа со неверување, и ја стисна посилно Костадинка на гради, та детето почна да цимулка.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)