го (зам.) - погалува (гл.)

- Нема да те боли - го погалува со проѕирната дланка нивниот водич, а жолтите очи му светкаат како весело злато: Вдиши длабоко. Оопа! Така! Готово! Се буди.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Чана го погалува по голата глава и му вели А сега пу патичката право дома! Ни лево ни десно, разбра?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Лука го гледа зборот примател на својата дланка, неосетно го погалува по крзното и го враќа во неговите магловите сфери; не дава тој ни пет пари за примателот бидејќи го има на дофат на раката, овој го пишува она што тој го чита и го чита она што тој го пишува, што има тука да се лажеме. 67
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
За да го смири своето љубопитство, повремено, ја шлапнуваше својата дланка врз пластичното кесе со блокот. Го погалуваше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)