го (зам.) - повторува (гл.)

Курто: Ако случајно до утре не го напишеш мојот состав по македонски или ако на учителката не ѝ се допадне ќе те натерам ова што е во шишето да го испиеш! И тоа на екс!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Не сакам пак да го повторувам одделението! Разбра?!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Шумкари шумкари - Цело време радиото го повторуваше тоа.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Сега тој збор повеќепати реско и силно го повторуваше.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Додека светот не можеше да ги разреши своите дилеми, мистерии и мизерии, Клара знаеше дека сè дури го повторува судбоносното: veni, vidi - vici ... veni, vidi - vici ..., таа ќе ја реши сопствената. И така од „ВД” стана - „ВИЦЕ”!
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
И така, додека Мо, шетајќи низ кафезот го повторуваше она што во аманет за денот му го остави газдарицата: veni, vidi - vici ... veni, vidi - vici ... несфаќајќи всушност, кој е Вени?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Тој е осуден да го повторува овој компулзивен премин поради тоа што открил дека му е тешко да остане топол, и одвнатре и однадвор.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Бидејќи вечно барал едно топло тело кое би му “пасувало”, уште од самиот почеток на својата кариера тој бил опседнат со телесноста, испробувајќи различни тела, животински и човечки, женски и машки, или идентификувајќи се со нив на еден протејски начин во своите дела.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Бојс во својата уметност секогаш бил на премин од студеното кон топлото тело.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Таква каква што е, оваа земја е веројатно осудена весело и секогаш одново да го повторува жртвувањето, ритуалниот канибализам, на сите свои вредности. Зошто не?
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Се кикотеше толку што мораа да ја смируваат; на Фискултурецот пак, му остави силен впечаток што Луција толку многу и слатко се смееше, па го повторуваше тоа и на следните неколку часови; но ефектот не беше ист, иако Луција се смееше како навиена.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но, има и конкретни историски причини зошто машката геј-култура постојано ги посрамува сопствените припадници, зошто секоја наредна геј-генерација бескрајно го повторува одрекувањето на претходната геј-генерација од геј-културата, зошто секогаш излегува дека самата геј-култура е – понекогаш според помладите геј-мажи и секогаш според оние што зборуваат во нивно име – исклучиво сопственост на постарите момци, на кралиците, на луѓето што на овој или на оној начин едноставно ја надминале: накратко, на другите, особено на другите чиешто стварно или замислено прифаќање на геј-културата секогаш на крајот ги прави да изгледаат и женствено и архаично.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Навистина ќе ме пуштат,“ и тоа го повторуваше како некоја утеха – како кога дете повторува некоја лага не за да поверува во неа по постојаното повторување, туку за да не мисли на вистината. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Една девојка, чие име не го знаев, ги размрдуваше рамената и замавнуваше со рацете како со крила, и гледаше некаде кон покривот на болницата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Онисифор Проказник им викаше да молкнат. Од ридот паѓаше споулавена смеа додека болниот квичеше со глас на премрзнат пес и го повторуваше името на Дмитар-Пејко.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Не ќе има кој да нѐ закопа. Утре и нашите коски ќе дават намерници и улави денгуби какви што сме ние во ова стојбиште.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И сега го повторуваше само тоа, во сите распокинати, неразбирливи обрти.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа беше една од мудростите на стариот стрико Дуко, тој му го повторуваше секому тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа па тоа, го вели, го повторува, а мене ништо не ме прашува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој го повторува тоа секој ден. Сѐ едно исто - или нешто слично.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Можете ли да го повторите своето презиме? - вели секретарката. Го повторувам презимето, „спелувам“...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Зборуваше полека, милозвучно, не го повторуваше истото, а ако се случеше тоа - го менуваше редоследот на зборовите за да ти е интересно.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Го повторуваше многупати во животот зборот амбасадор, во различни ситуации, кога историјата се закануваше, а нејзините мисли беа упатени кон Истанбул.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Го повторуваа и нејзините внуци без воопшто да го знаат значењето на овој збор, кој како да го заземаше местото на Бога во семејната молитва И кога Фетхи Окјар замина во Франција како амбасадор на нова Турција, баба веруваше дека постариот син, ако не успеа во Цариград, ќе успее да го оствари сонот на враќањето преку Париз.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И таа му го повторуваше Анѓиниот одговор: Каурка сум се родила – каурка ќе умрам. Главата ја давам – верата не си ја менувам.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Мајка го повторуваше несвесно нејзиниот постојан рефрен дека Бог ја испратил во животот за да си ги спасува своите чеда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ова нејзино кажување, кое­што повеќепати го повторуваше, секогаш предизвикано од самите настани, не ја открива само суштината на нејзината храброст да се соочува со неизбежните настани во историјата на нашето бегалско семејството туку и вербата во мајкината метафизичка верба, во нејзината натфизичка сила.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во клучните мигови од хрониката на нашето бегалско семејство, кога тоа сигурно беше очи в очи со самата смрт и кога само чудото го спасуваше, Мајка си го повторуваше постојаниот рефрен дека само Бог можел да ја прати да си ги спасува чедата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не за да го повторуваме она што класиците го зборуваа, туку пак да направиме ист тип на социологија.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Она што ги карактеризира класичните социолози е тоа дека тие се занимаваа со големите проблеми на своето време.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ќе му повтореше додека и Едо не почнеше да го повторува зборот, се разбира сфаќајќи дека така на англиски се вели за „панталони“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сигурно го повторуваше прашањето трипати или четирипати.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
И за цело време, целиот ден и ноќе, додека патуваат, сѐ истото и само тоа прашање му се врти в глава и постојано со изненадување и мачна вчудовиденост, го повторува и преповторува: зарем неговиот Васил, кој меѓу првите ја нарами пушката и со себе поведе и други, дезертирал?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)