го (зам.) - плукне (гл.)

По долго време, шепна: - Дедо, ти еднаш рече дека си отишол во свет за да го запознаеш, за да знаеш кога ќе умреш: за што да го бациш, а за што да го плукнеш...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
По малку, го плукна листот што го џвакаше.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тоа исчекување како да внесе промени во нив, како да започнаа да стануваат подруги; не се расправаа, не се караа како порано за секакви и секојдневни работи: кој кому му пресекол дрво во забранот, кој во чија ливада пуштил добиток да пасе, кој кому му направил штета во нивата, чија кокошка снесла јајца во туѓа плевна, или претала во вртот, та била заклана, кој кому на славите и свадбите му опцул мајка, го плукнал или удрил; кој во чија жена зрчел и ја задевал; кој кого го поткажал на џандарите дека ја пцуел власта.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
На еден бабинец и заб му скрши и тој забот си го плукна в раце.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Да го видам... Да знам, кога ќе умрам: за што да го бацам, а за што да го плукнам...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Го плукнав онака како ништо да не беше. А Митре, го гледам, повраќа. Мајчето мајчино негово кулачко.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ќе ми дојде некого да го бацам в чело а веднаш потоа ќе ми дојде да го плукнам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во грлото му имаше застанато нешто што не можеше ниту да го голтне ниту да го искашла и да го плукне.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)