го (зам.) - плаќа (гл.)

Нив, преселниците, ги обврза д го плаќаат султанскиот дел, а од она што ќе им преостане да го обезбедат својот поминок.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„Каде ли се Иван, Циле и Горѓи што ги нема да се јават? — се прашаа во себе Тодор, Петре и сите живи четници, не можејќи да ги слушнат грмежите од пушките и бомбите од Ливада, каде и нив Бахтијар ги нападна, но благодарение на честата гора овие лесно се префрлија на Ленишко, кое не беше опседнато, та над самото селце го заметнаа трагот и удрија кон југ, заблудувајќи го аскерот со сражението на Лигураса.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Аскерот се насобра по педесет души на еден четник и нарипа живи да ги фаќа, но овие се држеа зад стените и Турците секое нарипување го плаќаа со по еден два убиени другари и пак залегнуваа и тие зад своите метеризи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Да го плаќаше државата повеќе, немаше да оди со крпени панталони...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И во тоа успева, иако тоа компримирање, односно изоставање на дејства, го плаќа со многу знаење, есеистички пасажи и неретко со чиста лингвистичка наука, односно со историја на јазичните недоразбирања на овој наш, како што велат јунаците на неговиот роман проклет Балкан.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Романот е всушност дијалог меѓу двајца интелектуалци Таткото, кој го сонува источниот сон, и Климент Камилски, кој го сонува западниот сон.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Имав дечко со кого живеев во стан, ме запишаа на факултет кој го платија неговите родители само за да учиме заедно, така што беше на повидок да ме вработат на многу фина работа за која сонуваа повеќето битолчанки и со која плата ќе живеев убаво и ќе си го плаќав факултетот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Се чини дека го плаќаат данокот на непромислениот абортус од студентските денови.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Нејзината миленичка мораше уште од првиот ден да го плаќа данокот на својата младешка авантура.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ако не престојува во студентски дом, патот од Куманово до Скопје треба да му го плаќаме речиси секој ден.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не поднесувам трагедии. Затоа, денес, на плажа, ниеднаш на ја наквасив оваа нежна белина на превивките.“ А едно делче на неговата свест пулсираше: очигледна психологија на натрапник што ги навредува оние што му го плаќаат пиењето.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Го плаќале редовно данокот на државата, кога требало давале ангарија, а никој не пофтел ништо да стори.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Седеше таму здодевајќи се додека Летка го плаќаше данокот на новосоздадената потреба на западниот човек. И ја посматраше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Нека никој не се осмелува да ми каже дека дури и за миг на потрошувачот му паѓа на памет фактот дека тој со отпадот што го плаќа и расфрла ја загадува околината и си го загрозува здравјето.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во уверението за имотната состојба мора да се назначи износот на данокот што го плаќа домаќинството и одделни членови на домаќинството како и други извори на нивните приходи и воопшто имотната состојба на странката на која ѝ се издава уверението.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Странката е должна кон предлогот да поднесе уверение од надлежниот орган на државната управа за својата имотна состојба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сѐ што душичката му виде на Трајан, сѐ што му помина преку главата, само тој и коњот го знаат: и шлаканиците од старешините, и мајката и шајката што му ја караа, и душичката в нос што му идеше на тешките вежби и маневри - сето тоа, тој, кутриот коњ, го плаќаше: сиот бес и лутина на него го истураше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Современиот играч, заробеник на жестокото темпо, го плаќа данокот на својата алчност и неблагодарност.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Срамно е чувството кога среде зима морате да пречекорите некого кој лежи на тротоарот и се смрзнува.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Што да прават со ваквите луѓе добростоечките, урамнотежени, уредни, нормални сопственици на куќи или луѓето со покрив над главата, кои уредно си го плаќаат порезот и одат по ресторани?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
А зошто да го плаќаме двапати, трипати, петпати?...
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Овој пат беше изгубен редоследот на настаните во куќата и затоа секој мораше да го плаќа тоа со сопствениот експлодиран немир.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Некои од пониските кадри го плаќаа, а на повисоките свесно им се гледаше низ прсти.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)