го (зам.) - охрабри (гл.)

По една година од работењето тој се информира дека му сле- дува и поголем надоместок за патарина.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Дел од неговите колеги веќе тужеа и добија, па тоа го охрабри и тој да се реши да поднесе тужба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Најмногу за него што можеш да сториш, ако негуваш вистинско сочуство, е да го охрабриш да доумре. Ако умееш.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Според еден член на британската воена мисија Perseverance Кларк „првата бригада го беше презела овој марш да го развее партизанското знаме и да се обиде да добие регрути кои тие мислеа постојат таму, како и да го охрабри дезертирањето од бугарската армија“.115
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Сартр се обиде да го охрабри, но резултатот беше ист.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тоа го охрабри, или го насочи, или го поттикна, или просто го подлажа да напише еден драмски текст, од кој театарските уметници толку се изненадија што дури и се намуртија, па одвај се најде некој почетник режисер да го постави на една провинциска сцена, некогашна коњушница на некогашна касарна, што живуркаше со половина душа, одвај собирајќи премиерска публика, а не пак да собере некој денар за авторски хонорар.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
„Момчево сака да работи кај нас”, му се обрати техничарот, му се насмевна на Багета да го охрабри, па ги остави сами.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Несреќата е во тоа што увидувањето на третото лице секогаш е само впечаток што никако не е доволен да го охрабри да ја опомене жртвата на црниот човек.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Папата... Папата е дојден по идеолошкиот пекол во Скадар, градот маченик, во кој било жртвувано две илјади години старото верување, за да ги освети првите четири нови бискупи и да го охрабри троверниот албански народ во повратеното верување, од чии недра се извиши до универзална добрина светицата Мајка Тереза.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Овие примери служат само како вовед во некои од можностите за поставување прашања кои го охрабруваат реавторизирањето на животите во согласност со преферираните приказни.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Од сите луѓе коишто ве познаваат, кој би бил во најдобра позиција да прикаже некои детали кои би ми биле од помош? • Како би можеле тие да увидат кои промени во животот вие најмногу ги посакувате? • До кои заклучоци тие би можеле да дојдат во врска со вашите намери за промена врз основа на ова? • Што би можело ова да каже за тоа кој животен стил вам најмногу ви одговара?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Таа си дозволи сама да се убеди во тоа и го охрабри тоа верување да се всели и да расне во нејзините мисли, зашто со целото свое битие гореше од желба да го отфрли постоењето на змијата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Келнерот го бута пред себе и не знае, како што не знае ни Жан Мартин, кого го охрабрува опијанет Јенки.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Белата трага на последната дневна светлост што допираше од негде го охрабри.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„Како ќе ја отворам касата?“ праша еден ден пред тоа збунето шмркајќи со сувите ноздри. „Отвори ја, механичар си“, го охрабри Отец Симеон со тврд глас. „А бројките на таа каса?“ пак праша.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Меѓутоа за извесен број арапски владетели претседателот Џими Картер покажа непостојаност и државничка немоќ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој свечено вети да го поддржи глобалниот мир, но тој го проголта, го охрабри склучувањето на сепаратно решение.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кога Татко ќе го охрабреше некоја нова идеја, читајќи на чардакот, со нескриено задоволство слегуваше во Мајкината градина во која се ширеше миризбата на расцутените црвени каранфили и трендафили, заедно со опојната миризба на жолтите цутови на анамската рака која ги покриваше долните ѕидови на куќата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се случуваше тие капки да проструеја низ крвотокот на душата, да го охрабрат, се разбира само пред Татко, да го изрази својот насобран метафизички револт, пластен длабоко во него во жртвуваниот најубав дел од животот, во потрага по повисоките цели до кои не се стигнува никогаш.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Немоќта Европа да им се спротивстави на османските војски, дури и да го прифати победничкиот повик на Скендербег, да го охрабри, да му помогне во критичните и пресудни моменти, долго време ќе одекнува трагично во свеста на повеќе генерации, ќе ги разбранува европските духови, ќе предизвика сомнение во немоќта да се бранат достојно вредностите на европската цивилизација.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не ќе се предадам, шепоти или мисли и чека и другата судбина да го охрабри со нешто од својот живот, настан или име или што и да е, а до неговиот слух, достасува само шумолење на дожд и пак - квичење, потоа тажачка на животно.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Го охрабри. - Зборувајте. Ако треба нешто да појасните. Затоа сум тука.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ако се сајдисаме може и понатака да останиш, — го охрабри стариот калуѓер Арсенија, којшто беше дошол по истиот пат во овој манастир и со својата чесна и приврзана работа, ете го дотера до настојател на манастирскиот чифлиг.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А зар пак да е тука некаде ќе ги оставеше сами да го испратат старецот во својот вечен дом, не ќе ја донесеше својата гола глава, не ќе пуштеше две три солзи од прозорците на својот живот, не ќе кажеше неколку лафа, не ќе го охрабреше дедо Костадина гласно и јавно дека нема да биде заборавен во рамната земја, а не како неа сето тоа молчејќи да му го кажува?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Чувствувањето и сознанието за оствареното согласје на сите нејзини елементи, при нужната многуслојност и многузначност на лирскиот дискурс, до онаа мера го ослободуваа творецот од разбирливите дилеми и прашалници што го охрабруваат под нив да го напише своето име.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Случката го охрабри авторот иако не му влеа некоја поодредена надеж.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Така би побратиме! - се огласи најпосле Татко, не толку со намера да го прекине, туку го охрабри побратимот да ја продолжи мислата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Медалот го охрабри уште повеќе во своите акции.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Шепотев, а бев вслушан во препознатливиот тропот на тврдите грутки врз сандакот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Знам - ѝ велев со мојот возбуден шепот - навистина знам дека секому му е јасно дека не постои постапка или однесување што би можело покојникот да го охрабри или не дај боже да му напакости?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тој веднаш знае дека сакаат да го охрабрат за да не се плаши од боцнувањето.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Сакам да го охрабрам. Сакам да му ги искорнам од главата црните мисли.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Васј, секогаш кога сакаш да ми помогнеш ти ме фрлаш таму каде што не ми е местото.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Прочитувајќи му ги чувствата, таа го охрабри: - Што и да се случи, вечерва имаш право.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Не се возбудувај и зборот ќе ти тече како мед, а ние се ќе забележиме и ќе пренесеме... - го охрабри Боливиецот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Немаше ни нови слики кои би го охрабриле.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сон за среќа, какво напуштање! - го охрабри гласот однатре.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)