го (зам.) - отфрла (гл.)

Она што треба да се прифати како вистинито и морално треба да е определено не од божјите свети декрети, туку само од човечкиот разум.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Пресудно е што тој го отфрла Сосировиот поим за знак.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Да се смета дека Деридината философија е антропоцентрична може да се чини погрешно, бидејќи тој го отфрла поимот за унифициран човечки субјект.25
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Дерида го прифаќа овој дел од структурализмот но останатите аспекти на Сосировата мисла ги отфрла.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
4 Веќе структурализмот го отфрла гледиштето дека една фраза има значење благодарение на тоа што го изразува самиот поим како таков.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој припаѓа на фамилијата зборови бои (црвено, зелено, сино, ...) и она што го прави да значи црвено е точно тоа што не значи зелено, сино, итн. Слично е и за „сино“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но каде да го лоцираме овој концепт? Не, според Сосир, во пишаното.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Видовме голем број карактеристики - некои од нив значајни и централни - кои што ги споделуваат Деридините учења и философиите и идеологиите што им претходат.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Дерида дава одговор на ова прашање со помош на една критика на структуралистичките теории на значење, особено на теоријата на Сосир.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И чувствувам, да, чувствувам како го отфрлам од себеси целиот свој товар, како од мене се одлепуваат и се лупат етикетите.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Така, Партијата го отфрла и осудува секој принцип за кој првобитно се залагаше социјалистичкото движење и тоа го прави во името на социјализмот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во сликата „Акт, скала за надолу бр. 2“ од 1912 г. Дишан го користи принципот на кубистите за расчленување на формата, го комбинира со впечатоците здобиени за време на студиите на „историја на фотографијата“ кај Жил-Етјен Мари, Едвард Мејбриџ и Томас Еткинс, како обид нешто да се сугерира преку сликарството.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Колегите на Дишан го отфрлаат „Актот“ како забуна и гледаат на кубизмот со потсмев. Неговата слика може да остане во „Салонот на независните“ само со изменет наслов. Но, Дишан ја зема назад. Патува во Барцелона и Минхен. Таму самиот си забранува: „Марсел, нема веќе сликање, барај друга работа“. Се враќа во Париз; се вработува како помошник библиотекар во париската библиотека Сент-Женевјев и не слика воопшто: „Јас бев заинтересиран и за идејата, не само за визуелната продукција“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Потоа авторот го отфрла објаснувањето на таа состојба на работите со истогласноста и со исто толкава решителност се брани од нејзино сведување на наводно низок степен на египетскиот духовен развој.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Холанд јасно ја претпочита “l ecriture feminine” на Сиксу во онаа мера во која се согласува со Холандината надеж за плуралистички феминизам, оној кој го отфрла монолитниот, хегемонистички феминистички дискурс.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Корнел смета дека иако МекКинон „површно го отфрла сонот за симетрија, кој нас нѐ одмерува според машката норма,“ таа сепак“ не може а да не западне во оној мошне стар сон, имајќи ги предвид границите на нејзиниот сопствен теоретски дискурс, кој нужно се откажува од жената како женственост, бидејќи таа може да „гледа“ единствено од маскулинистичка перспектива“(151).
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Затоа можеби и бев понекогаш екстремен во свои­те размисли за верата: или радикално го отфрлав постоењето на Бога или, во време на несреќи, кога ги губев најблиските од семејството, кога животот ми ја немаше смислата што би ја имал со нив, дури бев готов да ја проколнувам судбата што останав верски откорнатик...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ги отфрлам стегите на црквата! Го отфрлам моето грешно минато! -страсно -Верувам во слободната љубов - кон тркалата - Газете го!
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
ЉУБА: Да, по дадилката јас ќе му пратам француска белешка, потоа ќе побегнам кај него, ќе го отфрлам мажот, јас...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Сета наша култура на вистина и искреност го отфрла цифрењето, тој суптилен начин судбината да се намести според надворешните знаци, „неавтентични“ знаци.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
ИВАН: Ти си пијан. И тоа многу. (Го отфрла Фезлиева од себе.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)