го (зам.) - отсликува (гл.)

Целото големо знаење што го има (вклучувајќи го тука и она побизарното, што така фино го отсликува неговиот маниристички сензибилитет: за разни детски игри, пагански обреди, необични симетрии, јазични игри...) на Гринавеј како да му служи само за да го здроби под валјакот на своите моќно апокалиптички филмови.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Зеленото ѝ го отсликуваше отворениот простор по кој толку долго сонуваше со отворени очи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Весник на жителите на Алпите, 01.01.2002 Потпурито од бои – лексички насликано со разноразни зборообразувачки творби и метафори – во Времето на козите од Луан Старова го отсликува и потцртува емоционалниот свет на Балканецот кој се регулира преку силната меѓузависност кај човекот во однос на природата и на животните што се одомени во овој регион.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Маѓосан од непревиденото откритие, со сува уста и суво срце, додека мажлецот во моето грло бабреше и ми го запираше здивот (сеедно, сега живеев само со очите), помамно го отсликував во секое свое делче ликот на жената или толкупати ја намножував колку што може да има клетки еден обичен човечки мозок.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сепак, мислеше Френк сега, таа жена беше на добра трага, како што беше и книжевниот критичар Лајонел Трилинг кога зборуваше за „ужасот“ што се крие во поетската рустикалност на Роберт Фрост: ретроспективно барем, ‘Воде­ниот виор’ го отсликува последното лето на Полардови - златниот период на пријатна работа и игра, за коешто време Френковиот неоткриен тумор забрзано го населувал неговото тело.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Беа се кренале со полна чеза подароци што ќе ги разделат на присутните, од ќајата на Ајдинци - оној вид понизност што го отсликуваше наученото добро однесување.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)