го (зам.) - отруе (гл.)

— Тогаш треба да си го отруеме детето и да ни и к'ни коските додека е живо.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го истура шишето плашејќи се да не го отруе.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Таа не можејќи да го поднесува повеќе и исплашена од неговите закани, се обиде да го отруе.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
СИМОН: Мислев, како можеше ти да го отруеш Никола?
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Еднаш кога тој бик ќе го отрујам со ракија, кога со отров ќе го изгаснам неговото црвено око, дојди.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
16. МИ ГО ОТРУ СРЦЕТО, ПА СЕГА БЛАГО МИ ДАВА - а благото, како благо, сал на стомавот му годи, и во златна паница нека маџун да ми клава не ќе појде по таков пат до срцето што води...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Тој веднаш треба да ги отепа: да се ослободи навреме од опасноста на нивниот отров, пред да успеат да го отрујат.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Всушност, едниот брат рано заминал во Америка и никогаш се вратил, другиот го отруле во Кавадарци, зашто не сакал да ја даде мајка ми за некој кафеанџија, па во неговата кафеана, божем на грешка, го отруле и умрел во болница во Скопје.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
По извесно време Илко ја напушти откако таа започна да му зборува дека тој е виновен за смртта на птиците и дека ќе го отруе за тоа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)