го (зам.) - отпушти (гл.)

Писмото кое беше испратено на старата адреса на живеење – од која Авдиќ се отсели уште во 1994 – беше со намера да се издејствува тој добие отказ поради, наводно, нејавување на работно место во период од 44 денови (откога Орхан го доби писмото, па сѐ додека не се појави лично во фабриката „Киро Ќучук“).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За контекстот на целата ситуација, се чини битно е да се спомене податокот дека телефонскиот број на Авдиќ и неговата нова адреса на живеење им беа познати на фабричкото раководство бидејќи истите беа уредно пријавени во правната служба, но – според неговите зборови – очигледно е дека нивната единствена цел била да го отпуштат од работа, и тоа заради неговата блискост до „гарнитурата“ на претходниот директор кој, пак, беше од друга политичка партија, иако Авдиќ не е член на ниту една партија. 102
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Та тој можеше да го отпушти и самиот башмајстор Аргир.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но тој не стигнал ни да зине, кога таа удрила со бастунот по масата: - Слушајте, началниче, му викнала со страшен глас, - ако не го отпуштите веднаш оној некадарник, ќе летате и вие одовде...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Веле, сестрино чедо, него ли да го отпушти, само тој ѝ остана на Кита...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Згора на тоа го заплашуваа секојдневно тој работник што создава...со заканите дека ке го отпуштат, не го информираа за ништо...за да не им се откријат замрсените конци со кој го плетеа својот нафатира плашт!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Натежнало за врнење, што се вели, секој час може да го отпушти.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кој друг може да ти биде публика, кога корката леб можеш да ја најдеш само во корупката од лубеницата, со која се насладува сезонското магаре пред да го отпуштат од самарот на глутницата волци во планината?“
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но командирот е мртов ладен, куклено мирен, како егземплар во излог - го ислушува без коментар, го отпушта без сочувство и се враќа на својот недојаден и веќе оладен бурек.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но, со измената од август 2008, веќе не постои ниту должноста за преквалификација или доквалифи- кација на работникот, туку директно се оди на нивно прогласување за технолошки вишок (чл. 5, ЗИДЗРО/авг.08). 26 26.  Во дебатата што се покрена во јавноста, од ССМ велеа дека со оваа промена рабо- тодавачот, кога ќе го отпушти работникот поради деловни причини, ќе нема никакви обврски кон него.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)