го (зам.) - откопча (гл.)

Павле се наведна и со здравата рака го откопча џебот од војничката блуза.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
До неа автомат. Ѓорѓи го откопча шаржерот. Празен.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Од неговиот појас го откопча пагурчето и врз неговото лице истури цел грст.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тој подзастана, ама не го прекина одот. Го откопча пагурчето и ѝ даде на старата да голтне.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Го откопча пагурчето од појасот, голтна две-три голтки, се исправи, пак погледна на старата, пушти долг чекор и кога се израмни со неа, врза збор: - Само кураж и макар што патот е правлив, ти сестро, оди пред себе и не гледај зад грб... Само кураж...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Всушност јас немам сила да го откопчам за да го соблечам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И потем почна да го откопчува шлицот, господине судија.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Неговото умирање почнува од разранетите прсти беспомошни да го скинат синџирот на вратата или да го откопчаат катинарот: За него, слаб и начнат од пците на својот страв или на треската со многу жили во неговите жили, тајната на одајата е недостаслива.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Кире замолча, воздивна длабоко, и го откопча десниот џеб од својата војничка блуза.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Вдиша по третпат. Овој пат го почувствува мирисот на кошулчето.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Ајде, дојди да ме мириснеш, - рече Ема и го откопча палтенцето.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога ќе ја подадеше раката кон неа да ѝ го откопча најгорното копче од блузата.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)