го (зам.) - откачи (гл.)

- Копај, - рече Србин. - Копај и ти. Шишман скоро уплашено го откачи лопатчето и нервозно почна да копа пред себе.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Згора на тоа, калта е лепливо–растеглива така што во оној момент кога сакам ногата што сум ја поткренал да ја поместам, калта почнува да ми го влече стапалото наназад на буквално истото место од кое сум го откачил.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
По разводот го откачија и децата. Беше осамен, затворен, со длабока предумисла во односите со колегите.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Рикна и по трет пат бикот, го откачи черчевето од џамот и фркна и забаботи кон оградата на кожарата, десетина метри над кланицата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ох, варени се! - рече, па го откачи котлето, го стави настрана во огништето, врз студениот пепел, па ги извади компирите во една земјана паница.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Зарем да го откачам?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се сеќавам, една пријателка на моја пријателка, многу одамна, го откачи дечкото оставајќи му кратка порака во стих: „Цело време ми го читаше Ниче, а ниеднаш не ме фати за пиче!
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
И токму кога решивме да ги изедеме сендвичите што ги носевме и да си отпочинеме изморено од големото возбудување, дедо срипа како змија како да го каснала, ми го подаде помалиот пиштол, го откачи петлето на својот, и викна: - Внимавај, на пет чекори од тебе има мечка!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Но место да стави шарена шамија околу вратот - како и секој љубовничар, кога излегуваше од дома - тој еднострано (или едноставно) го откачи девојчето. 4.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
-Ако постојано го тинтарам, ќе ме отера во зијан. -После ќе го откачиш.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)