го (зам.) - осуети (гл.)

Турските власти сега биле заинтересирани и преокупирани со прашањето: Како преку масовни апсења на интелигентните сили на нашиот народ да ја десеткуваат Револуционерната организација и да го осуетат претстојното востание.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Меѓутоа, со оглед на нивната решеност секој момент да паднат на бојното поле, во втората фаза од подготовките нивното евентуално откривање не би можело да го осуети главниот дел од акцијата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Дополнително, работникот може да биде и суспендиран во случаи кога против него е покрената кривична постапка за кривично дело сторено на работа или во врска со работата или е покрената дисциплинска постапка за дисциплински престап, а повредата е од таква природа што неговото натамошно присуство во јавното претпријатие додека трае постапката штетно ќе се одрази врз јавното претпријатие, односно ќе го осуети или оневозможи утврдувањето на одговорноста за дисциплинскиот престап (чл. 37-у).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)