го (зам.) - осудува (гл.)

Но не треба да го осудуваме. Ное е извршител на туѓа волја - и Стариот писател за момент замолча.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Разумно и чесно го осудуваше национализмот и кај другите и кај своите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Милан го осудуваше Јована за предавство, овој Милана за кукавичлак што избега во Бугарија и го остави него на цедило, и на крајот на краиштата и Милан виде дека Јован си имал право донекаде што се предал, бидејќи друга глава немало во торбата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Беше убеден дека го осудуваат.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)