го (зам.) - остварува (гл.)

А, пак, новиот ЗВР/09 содржи четири члена во поглед на остварувањето на правото на штрајк (чл. 118 – чл. 121) Работниците во МВР ова свое право можат да го остваруваат на начин и под услов битно да не се нарушува редовното извршување на внатрешните работи – при што, постои и законска основа за забрана на штрајк.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со одредбите на овој член не се гибаше во правото на работникот, своето побарување за надомест на платата, да го остварува во постапка пред надлежниот суд.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако основниот суд [како извршен суд], делумно го усвоеше барањето за исплата на надомест на плата – требеше да го упати работникот, остатокот да го остварува во постапка пред надлежниот парничен суд. 4) номотехничко прецизирање на важењето на пропишаните одредби: имeно, ЗИ веќе не го употребува терминот „правно лице“, туку терминот работодавец (чл. 226, ЗИ – иако, по ново, треба граматички поисправниот збор „работодавач“ кој го користи ЗРО) – што, со право, се чини посоодветен, имајќи го предвид фактот дека во улога на работодавач, според нашето позитивно право, може да се јави и физичко, а не само правно, лице [на пример, трговец-поединец и др.).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Никој од нас не знаеше што всушност бара Филозофот, оти молчалив беше и малкуглаголив, и упорен: она што ќе го намислеше го остваруваше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Македонскиот народ од делот на Македонија под Бугарија низ активното учество во антифашистичката борба го извојувал своето право на национално самоопределување и се до 1948 го остваруваше тоа право.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
ФОРМИРАЊЕ НА ФЕДЕРАЛНА МАКЕДОНИЈА ВО ФЕДЕРАТИВНА ЈУГОСЛАВИЈА
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Тогаш човекот е најпродуктивен и најмногу твори, а плус го остварува своето потомство.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Се соединуваа душите, се избираа меките зборови на судбината.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И не случајно, на брегот на Езерото, во Струга, близу границата која некогаш ја минавме, татковите книги го остваруваа вториот живот низ моите занесни читања.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ако основниот суд, како извршен, делумно го усвоеше барањето за исплата на надомест на плата, требеше да го упати работникот, остатокот да го остварува во постапка пред надлежниот парничен суд. 4) номотехничко прецизирање на важењето на пропишаните одредби: имeно, ЗИ (2005) веќе не го употребува терминот „правно 150 лице“, туку терминот „работодавец“ (чл. 226) – што, со право, се чини посоодветен, имајќи го предвид фактот дека во улога на работодавец, според нашето позитивно право, може да се јави и физичко лице – на пример, трговец-поединец и др.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
За оние кои веруваа дека се некој или нешто што светот не им го признава – како Томас кој освен оскудна облека бараше да му биде дозволено на карневалот да носи и голем крст на грбот, како Улрике која бараше вистински дијаманти за својата дијадема, како Јоахим кој инсистираше на вертеровите жолти панталони и син капут – облеката беше почеток на потполната потврда на постоењето кое на некој начин веќе го остваруваа во својата не-реалност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Оние другите, кои не посакуваа да бидат нешто друго во овој свет, туку сакаа да бидат она што се во еден поинаков свет, си подготвуваа облека која требаше да ги заштити во овој свет овде – си правеа оклопи, или наметки од жица кои изгледаа како кафези; си подготвуваа костими кои требаше да им помогнат да се изборат со овој свет, и во нив се престоруваа во опасни животни, или во ѕверови од некоја фантазмагорија; си подготвуваа облека која можеше да им овозможи да побегнат од овој свет, па си правеа крилја за да одлетаат, или си кроеја облека што не беше облека, туку ткаенина која обликуваше подвижен ѕид, ковчег, камен.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)