го (зам.) - осознае (гл.)

Зашто сите вакви и слични договарања се јавни, никој од потковичаните не може да го избегне, но зашто и никој не успева да го осознае докрај, не може ни да го урниса.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Секој Македонец треба убаво да го осознае тоа.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
- Во колипката, Мајката го осознава последниот таен чин на бесконечната обнова на величествената прокоба на змискиот праотец, звездениот двигател, кој низ постојана жртва ги совладува демоните на минливоста.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Процесот на освестување засега е доста бавен, бидејќи само неколкумина успеале да го осознаат своето Monty Cantsin потекло.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Беше јасно, но тоа подоцна го осознавав дека ми недостигаа татковите мудри совети, да патувам или не!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во долниот дел од фотографијата, во две колони, со нејзин ракопис, беа испишани стихови кои зборуваа за човек кој од својата педесетгодишнина го гледа во себе детето како се искачува по ридот, торбето назад, усните издадени напред, брза кон високата прозрачност од каде што се гледа светот, големите кули и градови, се искачува упорно и постојано, за да го дофати и да го осознае она што сѐ уште му е скриено, далечно и тајно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ќе ѝ пристапиме од три страни: (1) како на супкултурна практика – суптилна, сложена и тешка за теориски опфат – која почнала да се испитува во еден малечок, но значаен корпус на дела од областа на квир- студиите; (2) како на тема во машкото геј- писмо; (3) како на студиски проект, бидејќи и самиот предмет ќе претставува експеримент за самиот процес на иницијација што се стреми да го осознае.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
-Знаете сè, и покрај тоа што имам впечаток дека непрекинато губиме...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
- „Ние не го знаеме доброто додека не го осознаеме злото; а злото го осознаваме извршувајќи го.“
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Никој од нас тоа не можеше да го осознае без да пробаме.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Така зградата ја добивме на петгодишно користење.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Мислечката ствар - res cogitans - мора да биде аритметична за да може да го осознае светот.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Принципот на конкуренција и успех тој го осознава низ дилемата за продажба и квалитет, а, освен тоа, неговиот професионален статус беше претерано подложен на кризи.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
А откога ќе го осознае, ќе научи, ќе знае како да го управува.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Откога ќе го види или почувствува лошото, тој го осознава, ги определува, границите на своите способности за откривање себеси.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Го осознал сопството или јаството: Највисоката вистина од сите вистини. Прочистени од секакви желби.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Го осознал сопството или јаството: Највисоката вистина од сите вистини, прочистен од секакви желби.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
„Нема поголемо задоволство од она - ако нешто сам, со сопствено расудување, си го осознал“.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)