го (зам.) - освојува (гл.)

Во меѓувреме, тој постојано го освојуваше теренот, со тоа што членовите на Партијата настојуваа да употребуваат сѐ повеќе и повеќе зборови и граматички конструкции од Новоговорот во секојдневниот говор.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во училиштето била капитен на хокејската екипа и две години едноподруго го освојувала трофејот за гимнастика.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ги броеше чекорите. Се движеше овојпат бесцелно водена само од нагонот да го освојува просторот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Знаеш тато, следниот месец со планинарите одиме во Грција. Ќе го освојуваме Олимп.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се вртеа, го освојуваа забревтано просторот опишувајќи низ воздухот прекрасни фигури со своите тела.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Го топам снегот на планината, го освојувам врвот.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Пред војната три пати го освојувала првото место на виолина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го освојуваше секое од нив споро и мачно, а кога ќе го оставаше зад себе, имаше во градите толку здив и толку радост за да продолжи да му се приближува на следното.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се точкаа во долги редици, во синџири, идеа од сите страни, се сливаа во селото како војска на боиште: ги исполнија дворовите, бавчите, куќите; се качуваа по дрвјата, по ѕидовите, влегуваа во одаите, крстосуваа низ нив, се провираа низ цеповите на вратите и прозорците и го освојуваа секое местенце и делче од просторот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Пародијата на диктаторскиот режим, предадена со хумор и мудрост, со реалистички ситуации, стигнувајќи до границите на апсурдот, бездруго го освојува нашиот читател.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Козите сигурно го освојуваа градот. Набргу се врати детската врева, децата сега поцврсто газеа, нивните игри беа подолги, успехот во училиштето беше подобар.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На грижите местото им е кај помладите. Оној кој чувствува потреба да го освојува светот, да ги решава неговите проблеми, да ги совладува искуствата на напредокот - нему и грижите!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)