го (зам.) - освети (гл.)

Го „суредија" чорбаџијата Стевана од Крушевица и поп Ристета од Чаништа, па потоа ги положија и своите глави.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Се наведе и втор камен да земе, но Боше коџабашијата не му даде тоа да го стори. Co светкавична брзина го јавна одѕади, го стисна со двете раце за врат и го удави како волк јагне. Co ова братучедот Боше го освети својот братучед Велјана, помалиот Толев син, на кого Суљочауш му ја столчи главата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога се правеше гробот, кога ќе почнеа темелите да му се копаат, да се поставуваат темелници на споменикот, се канеа сите блиски и роднини на покојникот, како куќа да се прави: се колеше јагне или овен, се редеше главата во темелникот, се правеше ручек, се викаше попот, и тука заедно со мајсторите се јадеше, се пиеше; пред тоа, попот Матлија со крстена водица ќе го осветеше гробот, ќе му пееше молитва, ќе фрлаше поглед на плочите и камењата стокмени за споменикот, ќе ги пофалеше мајсторите што ги делкале, домаќинот што стокмил пари за споменикот, а потоа, сиот измастен од месото што го дрпаше, го поземаше бинлакот со вино и долго го држеше на устата како да го подува.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)